IBO Book - MK
Откријте ја Деловната можност на Herbalife
Книга 1
Намената на оваа книга е да ве води на вашето патување како независен Herbalife Член; да ви ги дава потребните информации, обука и поддршка за да ги постигнете своите цели.
1
СОДРЖИНА
1. ДЕЛ
Herbalife обезбедува златен стандард во заштита на клиентите.
03 Добре дојдовте
2. ДЕЛ
Како што Herbalife продолжува да расте, се гордееме што на нашите клиенти и Членови им обезбедуваме Златен стандард во заштита на клиентите.
11 Како да најдете и како да им помогнете и на други луѓе да постигнат одлични резултати
3. ДЕЛ
Гаранции за златен стандард: ✓✓ Ниски почетни трошоци ✓✓ Гаранција за враќање на парите ✓✓ Навремени информации за Деловната можност ✓✓ Писмена потврда ✓✓ Прецизни упатства за
20 Како да додадете вредност и да градите лојалност
4. ДЕЛ
37 Регистрирање нови Членови
5. ДЕЛ
тврдењата за производите и за Деловната можност
46 Да научиме за Продажниот маркетинг план
6. ДЕЛ
Златните стандарди е важно да ги интегрирате во својот бизнис и во секојдневната интеракција со клиентите; за да се заштитите и себеси и Herbalife брендот уште многу години. На Herbalife.com прочитајте повеќе во врска со тоа како Гаранциите за Златен стандард ве штитат вас и вашите клиенти.
65 Алатки и материјали
7. ДЕЛ
70 Чести прашања
8. ДЕЛ
72 Глосар
02
1
ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ
Честитки
Драг Herbalife Члену, Честитки што станавте дел од една заедница луѓе кои се посветени да им го менуваат животот на луѓето. Пред да изберат да градат успешен бизнис, илјадници луѓе од целиот свет направија личен резултат со производите на Herbalife ® на тој начин што водат здрав, активен начин на живот и го пренесуваат своето искуство, а тоа можете и вие да го правите. Оваа книга е водич што ќе ви помогне да ја откриете Деловната можност на Herbalife. Достапен е за секого, без разлика кој е вашиот бекграунд или какво работно искуство имате. Без оглед на тоа дали размислувате да работите хонорарно или да градите кариера, вашиот Herbalife бизнис може да го индивуализирате за да одговара на вашиот начин на живот. Со посветеност, вредна работа и со поддршка од другите Членови ќе успеете. Еве неколку причини зошто е сега одличен момент да станете дел од Herbalife…
Мајкл О. Џонсон
Нашите Членови ·· Членовите ги поддржуваат своите клиенти преку едукација, мотивација и првокласна услуга додека ги водат на нивното патување кон здрав, активен начин на живот. ·· Тие организираат и учествуваат во активности, како што се пешачење и групно вежбање, за да промовираат фитнес и позитивна социјална интеракција. ·· Се однесуваат искрено и со интегритет и го претставуваат Herbalife брендот каде и да одат. На Членовите Herbalife им нуди алатки и обука за етика и за интегритет.
Нашите производи ·· Нашите нутриционистички производи се поткрепени со наука и се произведуваат според највисоките регулаторни стандарди во светот. ·· Herbalife е број 1 во светот во категоријата заменски оброци*. ·· Постојано се усовршуваат формулациите на нашите производи за да ги задоволат побарувачката на пазарот и напредокот во нутриционистичката наука.
31%
Herbalife е број 1 избор во светот за заменски оброци.
Нашата заедница ·· Ние сме глобален нутриционистички партнер на Крстијано Роналдо, фудбалер од светска класа, и партнер на повеќе од 190 врвни спортисти, тимови и спортски настани во целиот свет. ·· Ја поддржуваме Herbalife Family Foundation (HFF) и нејзините програми програми Casa Herbalife со што помагаме во обезбедување здрава исхрана за деца.
Ние во Herbalife сме ентузијасти за иднината, но ако во кој било момент почуствувате дека ова не е соодветната можност за вас, со нашите Гаранции за Златен стандард ви е дозволено да го вратите секој производ купен од Herbalife во изминатите 12 месеци, кој е неотворен и може повторно да се продава, а парите ќе ви бидат целосно вратени. Како што растеме, срцето на Herbalife останува исто какво што си е уште од 1980 г.: со тимски дух и можност за секого. И, ова е само почеток!
Мајкл О. Џонсон Претседавач и генерален извршен директор
* Euromonitor International Limited; според дефиниции на категоријата заменски оброци, 31,2% удел на пазарот GBO, сите малопродажни канали; Амбалажирана храна, 15. издание [Packaged Food 15ed]; продажба според малопродажна вредност по малопродажна цена.
03
1
HERBALIFE НИЗ ВРЕМЕТО
Herbalife им го менува животот на луѓето уште од 1980 г.
СУГЕСТИИ ЗА МАЛОПРОДАЖБА
МИЛИОНИ УСД
МИЛИЈАРДИ УСД
10
7
2007
HERBALIFE СТАНУВА СПОНЗОР НА ФУДБАЛСКИОТ ТИМ „ЛОС АНЏЕЛЕС ГАЛАКСИ“.
4
1980
МАРК ХЈУЗ (1956-2000), ОСНОВАЧ НА КОМПАНИЈАТА И ПРВ ЧЛЕН, ГО ОСНОВА HERBALIFE.
2003
МАЈКЛ О. ЏОНСОН СТАНУВА ДЕЛ ОД HERBALIFE КАКО ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР.
1
1994
МАРК ХЈУЗ ЈА ОСНОВА HERBALIFE FAMILY FOUNDATION.
100
1
1980
1984
1989
1990 1992 1993 1994
1995
1996
1998 1999 2000
04
1
HERBALIFE НИЗ ВРЕМЕТО
2013
HERBALIFE СТАНУВА ПАРТНЕР НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО.
2011
ЛАНСИРАНА СПОРТСКАТА ЛИНИЈА HERBALIFE24 ® .
2012-2014
HERBALIFE ОТВОРА УЛТРАМОДЕРНИ ПОГОНИ ЗА ИНОВАЦИЈА И ПРОИЗВОДСТВО ВО ЧАНГША, КИНА И ВО ВИНСТОН-СЕЈЛЕН, САД.
2009
ВО ЕМЕА Е ЛАНСИРАНА ПРВАТА ЕКСПРЕС ПЛОЧКА ФОРМУЛА 1.
2014
2004
ЛАНСИРАНА ЛИНИЈАТА HERBALIFE SKIN ® .
HERBALIFE ИЗЛЕГУВА НА ЊУЈОРШКАТА БЕРЗА (NYSE) ПОД СИМБОЛОТ „HLF“.
2010
ЛАНСИРАНА ФОРМУЛА 1 БЕЗ ГЛУТЕН, СОЈА И ЛАКТОЗА И ПОЧНУВА ПРОИЗВОДСТВО НА ПОПУЛАРНИТЕ СЕЗОНСКИ ВКУСОВИ НА ФОРМУЛА 1 ШЕЈКОВИТЕ.
HERBALIFE НИЗ ВРЕМЕТО
2001
2002
2003
2007
2008
2010
2011 2012 2013
2014
05
1
ВАШАТА МОЖНОСТ
Можноста како Herbalife Член Ги користите производите и се заљубивте во нив. Имате одлични резултати – изгледате фантастично и се чувствувате фантастично. Го трансформиравте својот начин на живот со повеќе вежбање и станавте дел од една одлична заедница луѓе со слични сфаќања.
Откако и самите се трансформиравте преку здрав, активен начин на живот со Herbalife, не е чудно што гледате потенцијал и други да го направат тоа. Колку луѓе се интересираат да слушнат како го преобликувавте телото? Колкумина ве прашале за Herbalife? Овие луѓе се ваши потенцијални клиенти и се отворени и заинтересирани да слушнат што имате да кажете.
Застанете малку и присетете се како стигнавте до овде до каде што сте денес: Каков ви беше начинот на живот и какви навики имавте пред Herbalife? Кој ве запозна со производите? Каков резултат со производите направивте? Кого запознавте? Каква ве поддржува вашиот Herbalife спонзор досега? Луѓето ќе ги заинтересирате ако едноставно одговорите на овие прашања, ако го кажете своето лично искуство со производите и Herbalife искуството со други луѓе, и многу е едноставно! Нема ништо помоќно од личните искуства. И тие се еден од најлесните начини да почнете свој Herbalife бизнис. Успехот со деловната можност на Herbalife зависи од тоа колку им помагате на клиентите да постигнат резултати. Процесот почнува со вас и вашата лична трансформација.
Вашите пријатели и роднини нормално ќе бидат љубопитни за вашите промени и ќе сакаат да дознаат повеќе. Herbalife е глобална компанија посветена да им помогне на луѓето да си го променат животот и да водат здрав, активен начин на живот. Herbalife исхраната не е помодарство. Herbalife е начин на живот. Кога му се посветувате на Herbalife, се посветувате да направите голема промена; и во својот живот и во животот на другите на тој начин што ги промовирате придобивките од здравиот, активен начин на живот. Не треба да имате претходно искуство со продажба. Ние ќе ви обезбедиме обука и алатки, плус со поддршката од вашиот спонзор и од други Herbalife Членови ќе бидете инспирирани од нивните искуства и ќе дознаете како постигнале резултат.
Раскажувајте го своето Herbalife патување и тоа ќе ви помогне да добиете уште повеќе клиенти. Најважно е своето Herbalife искуство да им го раскажувате на другите.
06
1
ВАШАТА МОЖНОСТ
Клучот за вашиот Herbalife успех е вредноста што вие, како Herbalife Член, ќе ја донесете. Како Herbalife Член, имате можност на клиентите да им понудите повеќе отколку само начин да купуваат производи – може да им понудите вредна релација, едукација, индивидуализирани решенија и поддршка за да им помогнете да ги постигнат своите цели. Бидете во контакт и запознајте го секој клиент: кои се неговите цели, во што ужива, што му претставува предизвик, итн. Луѓето не можат да добијат квалитетен совет кога купуваат нутриционистички производи од полица во продавница, па ова е можност да им пристапите и да им понудите индивидуализирана услуга и поддршка секој ден со примена на материјали објавени од страна на Herbalife. Ако редовно одржувате контакт со своите клиенти, ќе може да следите како напредуваат и да им ја индивидуализирате програмата, ако има потреба. Уште еден клуч за успех, и една од најдобрите работи да се биде Herbalife клиент и Член, е дружењето. Herbalife активностите и настаните не создаваат само совршена средина за дружење со луѓе со слични сфаќања, туку се и место каде што се среќавате со клиентите и им оддавате признание. Истражувања покажуваат дека кога се работи во групи, поголема е веројатноста луѓето да ги достигнат своите цели во однос на регулирање на тежината.* Луѓето сакаат индивидуална поддршка, а со Herbalife можете да им помогнете да водат здрав, активен начин на живот и да ги постигнат своите цели. Вашиот успех зависи од вашата посветеност. Решете до каде сакате да стигнете со деловната можност на Herbalife, а потоа индивидализирајте ја според целите што сакате да ги постигнете и според вашиот начин на живот. Утврдете колку сте посветени и ќе видите напредок. Запрашајте се: • Дали сакате едноставно да ги користите производите и да го продолжите патувањето на здрав, активен начин на живот? • Покрај тоа што се грижите за себе, дали сакате да им дадете поддршка и на пријателите и семејството да водат здрав, активен начин на живот? • Дали сакате да им помогнете на што е можно повеќе луѓе со деловната можност на Herbalife што може да се работи и хонорарно, па дури и како кариера? Оваа книга е водич што ќе ви помогне да добиете максимум од своето Herbalife искуство. Со текот на времето вашите потреби или цели може да се менуваат. Затоа постојано обрнувајте внимание како се чувствувате и разговарајте со својот спонзор и со други Членови – и тие биле во таква ситуација и се одличен извор на знаење.
Не заборавајте: Колку повеќе вложувате, толку повеќе ќе добивате.
Па, да почнеме.
07
1
НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА ЗА ИСХРАНА
Урамнотежената исхрана се темели на внес на здрава комбинација од протеини, јаглехидрати, корисни масти и друг вид нутриенти, што во голем дел ги има во производите на Herbalife ® кои се поткрепени со наука. Здравиот, активен начин на живот се состои од редовно вежбање, одморање, хидрација и индивидуализирана програма со поддршка еден-на-еден и со поддршка од заедницата. Herbalife не значи да се исклучи некој вид храна или драстично да се смени калорискиот внес од еден ден до следниот. Правилната исхрана значи урамнотежена исхрана. Вашиот Herbalife Wellness coach ќе ви помогне да ги разберете основите на правилната исхрана и како се производите на Herbalife кои се поткрепени со наука лесен и ефикасен начин да го достигнете дневниот препорачан внес хранливи материи. На нашиот пат да ги оствариме личните цели веруваме дека е важно сите да се поддржуваме еден со друг. Како лични Wellness Coach-и, Herbalife Членовите се тука да ги водат и да ги поддржуваат своите клиенти во секој чекор. Herbalife Членот избира индивидуализирана програма што ќе одговара на целите на клиентот; тој ги следи резултатите на клиентот и прославува заедно со него, без оглед на тоа дали се резултатите мали или големи!
Филозофијата на Herbalife за исхрана
Филозофијата на Herbalife за исхрана се базира на урамнотежена исхрана, водење здрав, активен начин на живот и придржување до индивидуализирана програма со помош на личен Wellness Coach, ваш Herbalife советник. Оваа филозофија помага да се сменат навиките во исхраната во светот, човек по човек.
УРАМНОТЕЖЕНА ИСХРАНА
ЗДРАВ АКТИВЕН НАЧИН НА ЖИВОТ
ИНДИВИДУА ЛИЗИРАНА ПРОГРАМА
ВЕЖБАЊЕ
ОМЕГА-3
до 30 % МАСТИ од храна и од суплементи
40 % ЈАГЛЕХИДРАТИ од храна и од суплементи
HERBALIFE УРАМНОТЕЖЕНА ИСХРАНА
ПОМАЛКУ ЗАСИТЕНИ МАСТИ
РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА 25 гр.
до 30 % ПРОТЕИН од храна и од суплементи
ХИДРАЦИЈА
ОДМОР
08
1
ВРЕДНОСТА НА ЧЛЕНОТ
Уникатната вредност на Herbalife Членот
Еден од првите начини на клиентите да им понудите дополнителна вредност е да бидете производ на производите и да се доведете во најдобра можна форма; да ја постигнете својата Level 10 цел, па користете ги производите секој ден. Кога и сами ќе направите резултат со производите и луѓето го забележуваат вашето преобликувано тело, со нив ќе може да зборувате од лично искуство – да им го пренесете знаењето што сте го стекнале на вашето патување. Кога зборувате од лично искуство и клиентот го гледа резултатот од прва рака, вие сте во цврста позиција. Кога имате лична релација со клиентот и директно му продавате нему, вие, како Herbalife Член, му нудите дополнителна вредност и тоа е ваша предност во однос на другите алтернативи. Клиентот што оди во супермаркет и едноставно избира производ од полица не добива секогаш најдобри резултати. Кога купуваме производ од полица не добиваме реална слика или едукација во врска со тоа како функционира производот. Со овој метод на купување не ги добиваме ниту континуираната поддршка, охрабрувањето и советите што ги добиваме со директна продажба. Затоа вие, како Herbalife Член, со фокусирање на дополнителна вредност, поддршка на клиентите и првокласна услуга, може да им помогнете на клиентите да бидат задоволни, лојални и заинтересирани за Herbalife. Има неколку клучни елементи што им помагаат на клиентите да ја постигнат својата Level 10 цел. Работете со клиентите за да им помогнете да водат здрав, активен начин на живот со здрава исхрана, правилна програма за вежбање и со соодветни производи што одговараат на нивните потреби. Да се биде личен тренер на клиент значи и да се мотивира клиентот, да се приспособува неговата програма според потребите и да му се помага да остане во колосек за да дојде во најдобра можна форма. Не заборавајте дека е клучно да му помогнете да почне да учествува во активности во заедницата . Вашиот клиент, секако, треба да вложува труд и да има добар пристап. Со оваа формула, многу е поголема веројатноста клиентот да ја направи позитивната промена што ја сака и да ја постигне својата цел.
СТАВ
ОСТВАРЕТЕ ЈА И ОДРЖУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА ЦЕЛ
Здрава исхрана
Редовно вежбање
Соодветни производи
Личен тренер
Заедница
ЛИЧНА ПОДДРШКА НА ЧЛЕНОТ
09
1
ВРЕДНОСТА НА ЧЛЕНОТ
Предности на моделот на директна продажба
Директната продажба е веќе добро утврден метод на градење на бизнисот кој ве наградува и исполнува. Директната продажба е популарен метод на продажба; во Европа има 9 милиони лица што се занимаваат со директна продажба, а 4 милиони од нив ја работат директната продажба како кариера со која се издржуваат. Оваа бранша е предводена од Асоцијацијата за директна продажба чијашто цел е да обезбеди највисоко ниво бизнис етика и услуга за клиентите. Herbalife се гордее што е клучен член на голем број Асоцијации за директна продажба во целиот свет. Наместо да ги продаваме нашите производи во продавници, производите на Herbalife на клиентите им ги продаваме ексклузивно и директно преку Herbalife Членови. Тоа значи дека се избегнува посредникот.
ГОЛЕМОПРОДАЖБА
ДИЛЕР
ТРАДИЦИОНАЛЕН ДИСТРИБУТИВЕН СИНЏИР
ПРОИЗВОДИТЕЛ
КРАЕН КОНСУМЕНТ
ДИСТРИБУТИВЕН СИНЏИР НА ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА
НЕЗАВИСЕН HERBALIFE ЧЛЕН
Herbalife е посветен да биде лидер во браншата Herbalife е поврзан и има активна улога во голем број трговски организации од својата бранша, меѓу кои Светската федерација на асоцијации за директна продажба, Европската асоцијација за директна продажба, и повеќе од 50 национални асоцијации за директна продажба. Herbalife е еден од членовите-основачи и обезбедува континуирано лидерство во Интернационалната алијанса на асоцијации за нутриционистички суплементи/суплементи во исхраната. Herbalife е и член на национални асоцијации за исхрана и суплементи во исхраната низ цела Европа и во светот.
10
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
Како да најдете и да им помогнете и на други да постигнат одлични резултати
Во овој дел ќе научите за некои од основните бизнис концепти што ви помагаат да наоѓате и да им помагате и на други луѓе да постигнат одлични резултати. Ова е важен клуч за да бидете успешни во градењето и одржувањето одржлива база клиенти што постојано ќе расте.
Нов клиент
Лојален клиент
Член
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
Животниот циклус на клиентот
Животниот циклус на клиентот го претставува патешествието на секој што ќе почне со Herbalife. Веројатно и вие го имате искусено тоа. Одвојте малку време и потсетете се како дознавте за Herbalife и како природно се одвиваше вашето патување; па дојдовте до овде до каде што сте сега. Еве едно вообичаено патување: Потенцијален клиент е поканет на некоја Herbalife активност или во некој центар од страна на Herbalife Член, каде што веројатно добива Wellness анализа и анализа на телесна композиција. Потоа му се презентирани производите и со помош на својот Herbalife советник (личен Wellness Coach) дознава за Филозофијата за исхрана на Herbalife и ја прифаќа. Кога ќе стане клиент , за кратко време забележува резултати ако ги користи Herbalife производите, ако ја следи програмата, ако има корисна лична релација со својот Herbalife советник (личен Wellness Coach), ако има едукација и ако е дел од заедница. По одличните резултати и многуте комплименти од пријателите и роднините, клиентот за кратко време станува лојален клиент! Во оваа фаза клиентот обично им кажува за својот резултат на другите и на својот личен Wellness Coach му препорачува пријатели и роднини, па дури и размислува и самиот да стане Herbalife Член. Пренесувањето на Herbalife искуството на други луѓе е почеток за изградба на база клиенти. Во оваа фаза лојалниот клиент може да се одлучи да стане Herbalife Член и да почне да заработува со работење на бизнисот хонорарно. Кога Членот ќе достигне Супервизорско ниво во Продажниот маркетинг план, веројатно има изградено цврста организација на лојални клиенти и Членови. Кога водите сопствен Herbalife бизнис треба да го следите овој пристап за вашите клиенти; ќе добивате клиенти и ќе создавате лојалност на тој начин што ќе им обезбедувате првокласна услуга на клиентите. Со градење база на клиенти што ќе расте ќе го зголемувате потенцијалот за заработка.
Нов клиент
Лојален клиент
Член
12
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
КОРИСТИ, НОСИ, ЗБОРУВАЈ
ФАКТ Концептот „Користи, носи, зборувај“ е бизнис филозофија што ни ја остави Марк Хјуз (1956-2000), основач и прв Член на Herbalife, кој почна да го користи концептот во 1980 г. за да ги промовира Herbalife и Деловната можност со огромен успех.
Herbalife Членовите го користат овој едноставен и докажан концепт КОРИСТИ, НОСИ, ЗБОРУВАЈ повеќе од 35 години и тој е сè уште еден од најдобрите начини да се привлечат и да се добијат нови клиенти. Методите што ќе ги користите за малопродажба на Herbalife ® производи функционираат заедно, а почнуваат со „Користи, носи, зборувај“. Неверојатно е лесно и едноставно да почнете: Користете ги производите секој ден во рамките на здрав, активен начин на живот, и користите ги кога имате активности со својата заедница, на пример во Healthy Active Club (Fit Club) или кога сте надвор со пријатели. Луѓето забележуваат кога ги користите производите и кога го живеете брендот што го претставувате. Кога сте дел од Herbalife на тој начин што ги користите производите и почнувате здрав, активен начин на живот, односно сте активни и сте дел од заедница, постигнувате резултати. Носете Herbalife беџ и брендирана облека секаде. На тој начин луѓето ќе дознаат за брендот и за вашиот бизнис и ќе почнат да ви поставуваат прашања. Зборувајте со секој со кој ќе се запознаете. Кажувајте им го вашето искуство со производите и резултатот што сте го направиле со здрав активен начин на живот. Социјалните медиуми може да бидат одличен форум за да почнете разговор.
Користете ги производите секој ден како дел од здрав, активен начин на живот.
Зборувајте со секој со кој ќе се запознаете и раскажувајте го своето искуство.
Носете го брендот каде и да одите.
КОРИСТИ
НОСИ
ЗБОРУВАЈ
САКАТЕДА ОСЛАБИТЕ? ПРАШАЈТЕ МЕ КАКО!
13
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
КОРИСТИ Кога зборуваме за елементот „Користи“ од концептот „Користи, носи, зборувај“, не се работи само за користење на производите. Овој дел од концептот опфаќа ангажирање во целата филозофија за здрав, активен начин на живот. Односно, да ги користите производите, редовно да вежбате и да бидете дел од заедница луѓе со слични сфаќања што ќе ве поддржуваат. Кога ги користите производите, несомнено е дека ќе направите резултат и ќе се доведете во најдобра можна форма; ќе ја постигнете својата Level 10 цел. Кога ги користите производите и правите резултат, луѓето забележуваат и поефикасно може да им помогнете и на други да ја постигнат својата Level 10 цел. • Луѓето ќе ѝ се восхитуваат на вашата трансформација и со нетрпение ќе сакаат да слушнат како сте го постигнале тоа. • Ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично, а тоа ќе ви влее доверба во производите и во вашиот нов активен начин на живот, па ќе ви биде полесно да ја препорачувате филозофијата за здрав, активен начин на живот. • Ќе станете „производ на производите“. Луѓето ќе ја забележуваат промената и ќе ве прашуваат како го постигнавте тоа. • Ќе зборувате со знаење и со доверба за производите и ќе може да одговорите на секое прашање или загриженост.
10 чекори до вашиот Level 10 – да дојдете во најдобра можна форма:
Бидете мудри во исхраната
Многу е важно да се биде физички активен
Хранете се здраво
Одморајте се и опора вувајте се
Моќта на протеинот
Зајакнете ја исхраната
Од масти, со љубов
Изградете добар став
НЕ МОРА ДА БИДЕТЕ ОДЛИЧНИ ЗА ДА ПОЧНЕТЕ, НО МОРА ДА ПОЧНЕТЕ ЗА ДА СТАНЕТЕ ОДЛИЧНИ
Со хидрација до здравје
Инспирирајте ги другите
Повеќе информации за секој чекор ќе најдете во брошурата „Овде почнува“ [It Starts Here] што може да ја нарачате на MyHerbalife.com SKU#N169.
14
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
Клучно е да составите моќно лично искуство кое ќе стане една од вашите највлијателни алатки за продажба – затоа е важно да го составите добро! Зајакнете го искуството со фотографии. Покрај тоа што фотографиите ќе ви помогнат да го евидентирате резултатот направен со производите и да им покажете на другите како здравиот, активен начин на живот и Herbalife производите го променија вашиот живот, тие се и одлична реклама за вашиот бизнис.
ФАКТ Резултатите не мора да се однесуваат исклучиво на губење тежина, може да искористите фотографии за да покажете фитнес промени, промени во телесната
композиција и во општата состојба.
Како да го пренесете своето искуство со производите: 1. Опишете што правевте претходно. На пример, што јадевте и какви навики за вежбање имавте пред да го откриете Herbalife? 2. Раскажете како се чувствувате сега и како ви се подобри животот. 3. Не заборавајте да кажете што подобривте во навиките во исхраната и во физичката активност, како и кои производи ги користите. 4. Без оглед на тоа дали го пренесувате искуството усно или во печатена форма, секогаш користете ја правната изјава за губење тежина.
„Ја зголемив чистата мускулна маса и се чувствувам подобро од кога и да е“
Порано… • Огладнував веднаш по оброците и добивав напади за благо • Кога одев на одмор си се честев со премногу „слатки залачиња“ • Путерот од кикирики и чоколадото ми беа слабост
Сега…
Корисни упатства:
• Со секој оброк јадам поголема порција протеин • Ги намалив телесните масти • Ја зголемив мускулната маса
Составете кратко и прецизно искуство.
Публиката нека ја почувствува вашата емоција.
Еве како постигнав резултати: • 5 пати неделно правев вежби со дигање тежина • 3 пати неделно одев во Fit Club каде што вежбав во група што ме инспирираше и ме мотивираше да продолжам понатаму • По вежбање пијам Herbalife24 Rebuild Strength и Hydrate • Чоколадото и путерот од кикирики ги заменив со Протеинското чоколатце на Herbalife • Пијам по 2 или повеќе литри вода дневно во комбинација со Herbal Aloe
Наведете и промени во вашата телесна композиција, на пример процент на телесни масти или чиста мускулна маса. Тие се одличен начин да покажете дел од позитивните резултати. Имајте искуство за секоја категорија производи. Тоа ќе ви помогне лесно и со доверба да продавате многу различни производи!
• За вечера јадам квалитетна риба или мисирка, а двапати дневно пијам Формула 1 и Формула 3 протеински додаток за да го зголемам протеинскиот внес
Профил Име и презиме: Хана Едмонсон Држава: Обединето Кралство Нов конфекциски број: 8
Резултатите не се исти за сите. Индивидуалните резултати се разликуваат од човек до човек. Програмата за регулирање на тежината на Herbalife ® може да помогне во слабеење или регулирање на тежината само како дел од начин на исхрана со контролиран калориски внес.
За повеќе информации во врска со тоа како да составите цврсто и успешно искуство со производите, посетете ја Зоната на знаење на MyHerbalife.com.
15
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
НОСИ
Носете го брендот и бидете брендот како и да одите
Кога носите Herbalife облека, беџ и додатоци, вие сте олицетворение на духот на брендот. Со носење на Herbalife брендот најлесно ќе го промовирате и ќе го унапредувате својот бизнис во заедницата.
План за акција: Нарачајте си беџ и Herbalife брендирана облека и додатоци уште денеска на MyHerbalife.com, и почнете да го носите брендот.
ЛИЧЕН WELLNESS COACH Побарајте БЕСПЛАТНА анализа
САКАТЕДА ОСЛАБИТЕ? ПРАШАЈТЕ МЕ КАКО!
ФАКТ Беџовите се одличен начин да започнете разговор со
некого без многу напор. Кога го носите беџот луѓето ќе почнат да ве забележуваат. Потчукнете го беџот и остварете контакт со очите за да поттикнете разговор.
16
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
Ќе забележите дека кога го носите брендот будите заинтересираност кај луѓето.
Herbalife беџовите, брендираната облека и додатоците честопати привлекуваат внимание. Тие се лесен начин да ги поттикнете луѓето да бидат љубопитни и природно да започнете разговор. Ако забележите дека некој гледа во вашиот беџ, сметајте го тоа како знак дека е човекот љубопитен или заинтересиран и пристапете му. Не чекајте тој да почне разговор или да ве праша нешто. Зависно од беџот што го носите и од вашата публика, треба да си спремите три или четири различни одговори: Еве неколку примери:
„Што пиете во тој шејкер? Секогаш ве гледам со него.“
„Не можам да живеам без него – ми помогна (кажете го својот личен резултат) и го пијам секој ден. Дојдете во мојот клуб и ќе ви раскажам повеќе.“
„Што е суштината на Herbalife? Го гледам насекаде!“
„Herbalife им помага на луѓето да добијат најдобра можна форма! Фантастично е! Дојдете во мојот Клуб – неделава ќе држам настан на кој ќе ви кажам повеќе за Herbalife.“
ЛИЧЕН WELLNESS COACH Побарајте БЕСПЛАТНА анализа
Ако забележите дека некој гледа во вашиот беџ:
„Ние им помагаме на луѓето да внесат здрави промени во животот и да дојдат во форма. Дали би сакале бесплатна Wellness анализа и анализа на телесна композиција?
Ако забележите дека некој гледа во вашиот беџ:
„Herbalife тотално ми го промени животот – ми помогна (кажете за вашиот најдобар резултат или промена). Дали би сакале да слушнете за нашиот 3D пакет Правилен појадок?“
САКАТЕДА ОСЛАБИТЕ? ПРАШАЈТЕ МЕ КАКО!
„Како може да ми помогнете да ослабам?“
Ние го продаваме број 1 заменскиот оброк во светот* што им помага на илјадници луѓе да имаат правилна исхрана и да ги постигнат своите цели во однос на телесната градба. Дали би сакале да дознаете повеќе?“
„Herbalife има и производи за нега на кожа, така?“
„Да – Herbalife SKIN е фантастична линија производи за кои е клинички потврдено дека даваат резултати за само 7 дена**. Навистина функционира. Дојдете утре и донесете си и пријател. Ќе ви направам бесплатен третман на лице и ќе видите за што ви зборувам.“
* Извор: Euromonitor International Limited; според дефиниции на категоријата заменски оброци, 31,2% удел на пазарот GBO, сите малопродажни канали; Амбалажирана храна, 15. издание [Packaged Food 15ed]; продажба според малопродажна вредност по малопродажна цена. ** Се однесува на резултатите од Серумот за намалување брчки, Ноќниот крем за обновување на кожата, Дневниот хидрантен крем, Хидрантниот крем со SPF30, Хидрантниот крем за пределот околу очите и Гелот за зацврстување на пределот околу очите.
17
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
ЗБОРУВАЈ
Кога зборувате со луѓе, зборувате со потенцијални клиенти и вашата цел е да ги поканите на некоја активност. Крајната цел на зборувањето со луѓе е тие да се заинтересираат, со душа да чекаат да дознаат повеќе и да ја прифатат вашата покана да присуствуваат на некоја активност што вие ја водите. За време на активноста може да им објасните подетално што имате да им понудите. Обично имате 15 секунди да почнете разговор со потенцијален клиент. Без оглед на тоа дали се познавате или не, кога почнувате разговор со некого треба да користите два елемента: да го процените и да го поканите. 1. Процена – Прочитајте ја вашата публика и утврдете дали е заинтересирана или не, и како може да помогнете. 2. Покана – Поканете го потенцијалниот клиент на некоја активност/настан што вие го организирате, на пример Shake Party, Fit Club или Wellness анализа.
Почнете со оние што ги знаете – вашиот круг на влијание.
СОВЕТ Земете им телефонски број за да може да им пратите брза порака еден ден пред настанот за да ги потсетите. СОВЕТ „Погледнете ја мојата Facebook страница“ е едноставен и лесен начин да ги поканите луѓето да го погледнат вашиот бизнис и да видат што правите.
Секој што ќе го запознаете е потенцијален клиент, па затоа е важно да разговарате со што е можно повеќе луѓе. Меѓутоа, кога сте почетник, најлесно е да зборувате со луѓе што веќе ги знаете, на пример пријатели, роднини и колеги од работа. Тие се вашиот круг на влијание. Зошто? Бидејќи ве познаваат, веќе имате изградено релација со нив и ниво на доверба и влијае. Кога разговарате со нив пристапете им како да ги каните на забава или на дружење. Едноставно бидете опуштени! А и лесно е да доведеш пријаел во една друштвена средина како што е Fit Club или Shake Party. Па, како да почнете? Еден од најлесните начини да почнете разговор е да ги отворите контактите во телефон, имејл или на Facebook. Секој што го знаете може да го исконтактирате со само еден клик, сега е најлесно од кога било да се стапи во контакт со некого. Некои луѓе може да ви кажат не Некои од луѓето со кои разговарате едноставно нема да бидат заинтересирани. Не губете си подолго време со нив отколку што ви е потребно, поминете повеќе време со луѓе кои се ваш целен пазар – луѓе кои се отворени и заинтересирани. Ќе видите дека голем дел од луѓето спаѓаат во оваа група. Кога луѓето ќе ви кажат „не“, не заборавајте дека тие не ве одбиваат вас лично, туку едноставно не се спремни да воведат промена за здрав активен начин на живот.
18
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
Прашања на клиентите
Има неколку вообичаени прашања или предизвици за кои може да треба да им помогнете на клиентите. Еве неколку:
1. По вежбање клиентот не јаде урамнотежен оброк богат со протеини Кога луѓето почнуваат да вежбаат, нормално е апетитот да им се зголеми. Ако не се внимателни или организирани, може да го зголемат внесот на брза храна што обично содржи голем процент прости јаглехидрати и калории. Советувајте ги клиентите по вежбање да јадат оброк кој е богат со протеини и однапред да имаат подготвено здрави ужини за кога е огладнат. Важно е кога ќе им се пријаде да имаат при рака здрави опции со контролиран број калории. Идеална ужина во такви моменти се овошје, зеленчук или Herbalife ужина богата со протеин. 2. Клиентот прескокнува оброци или не се храни правилно Со прескокнување оброци телото се изгладнува од клучни нутриенти и може да се забави метаболизмот. Тоа може да го наруши начинот на исхрана и клиентот може да престане да ја следи програмата со производи според инструкциите.
Важно е вашиот клиент да имаат здрава, доброурамнотежена исхрана и да внесуваат разнобоен зеленчук, сложени јаглехидрати и здрав протеин, како на пример мисиркино месо, пилешко месо, риба или тофу. Кога прескокнуваме оброци, кога не го приготвуваме шејкот според упатството на етикетата, кога не внесуваме соодветна количина протеин или доволно растителни влакна, може да ни се јават напади на глад и кризи за нездрава храна. Растителни влакна може да се додадат со овошна ужина и/или со производите на Herbalife богати со растителни влакна. 3. Клиентот не внесува редовно доволна количина протеин Протеинскиот внес е клучен дел од програмата на Herbalife и многу луѓе се изненадени колку многу протеин треба да внесуваат! Едуцирајте ги за корисноста на протеинот и советувајте ги колку протеин треба да внесуваат секој ден (ние препорачуваме 1-2 гр. протеин на килограм телесна тежина*, или може да го одредите нивниот протеински фактор со Wellness аплиакцијата за мобилни телефони или со калкулаторот на ИТМ на Herbalife.com). Протеин треба да се внесува со секој оброк, а не само еднаш или двапати во денот. Ако го следат планот за пет мали оброци, клиентите ќе внесуваат протеин со секој оброк, а овој план е и корисен начин тие да водат евиденција колку протеин внесуваат во текот на денот.
СОВЕТ Наградете го клиентот со мал подарок кога со производите ќе
постигне важна wellness цел или цел во однос на исхраната. На
MyHerbalife.com може да купите голем број интересни, Herbalife брендирани подароци.
4. Клиентот не внесува доволно јаглехидрати Клиентот може да се обиде да ја ограничи количината јаглехидрати што ја внесува за да ја регулира тежината. Меѓутоа, јаглехидратите се главен извор на енергија за телото за секојдневните физички или умствени активности, и ако клиентот не внесува јаглехидрати со исхраната, неговиот метаболизам може да забави. Многу е важно клиентите да внесуваат соодветни јаглехидрати. Добри јаглехидрати се јаглехидратите што се најмалку преработени – харана како што е свежо овошје, зеленчук, мешунки и интегрални житарки. Вископреработени, рафинирани лоши јаглехидрати има во шеќери, печива, тестенини и леб од бело брашно, житарки и крекери што на телото не му нудат ништо повеќе од дополнителни калории. 5. Недоволна хидрација За да се биде здрав е многу важно да се пие доволно вода. Водата ја регулира телесната температура, ни помага да дишеме, многу е важна за дигестијата и екскрецијата, му помага на телото да се движи, и многу повеќе. Препорачливо е да се пијат по 8-10 чаши вода на ден, но кога вежбаме или кога се наоѓаме во топла средина треба да пиеме повеќе вода бидејќи повеќе се потиме. Кажете им на клиентите да водат евиденција за течностите што ги внесуваат секој ден; не само за количината што ја внесуваат, туку и за видот течност, зашто ако не внимаваат може да внесуваат дополнителни калории. 6. Во програмата за вежбање клиентот нема разновидни вежби Ако е програмата за вежбање лошо направена, нема да се согоруваат масти и нема да се зголемува чистата мускулна маса. На пример, ако вашиот клиент обожава да трча и 3 пати неделно трча по 5 км., но не вклучува вежби со дигање тежина или со отпор, мускулите ќе се навикнат дека се користат само за трчање и нема да се зацврстуваат и нема да се зголемува чистата мускулна маса. Колку повеќе чиста мускулна маса имате, толку повеќе калории ќе согорувате, дури и кога се одмарате.
* Спортисти и луѓе што редовно прават интензивни вежби имаат поголеми потреби од протеин за разлика од луѓето кои не се физички активни.
19
3
Како да додадете вредност и да градите лојалност
Herbalife има разни бизнис методи кои се и интересни и ефикасни; конкретно наменети да ви помогнат да најдете клиенти и да ги задржите клиентите. Една од главните цели на секој бизнис метод или активност е на клиентите да им понудите дополнителна вредност и да им помогнете да постигнат резултати, што, пак, ќе ви донесе лојалност.
Нов клиент
Лојален клиент
Член
3
КАКО ДА ИЗГРАДИТЕ ПРОТОК НА КЛИЕНТИ
Изградете проток на клиенти во четири чекори
Го разгледавме концептот Користи, носи, зборувај и како овој концепт може да ви помогне да најдете клиенти. Ајде сега да видиме како ова води до бизнис методите и активностите што ќе ги користите за малопродажба на Herbalife ® производи на клиенти. Кога зборувате со луѓе целта е да ги процените и да ги поканите да дознаат повеќе на тој начин што ќе учествуваат во вашиот бизнис метод или активност.
На пример: Ако водите Fit Club, разговорот може да го почнете вака: „Изгледа дека сакате
1 Процена и разговор
Проценете го потенцијалниот клиент додека зборувате со него. • Не заборавајте дека имате околу 15 секунди да му го задржите вниманието на потенцијалниот клиент. Секој нема да се заинтересира и затоа е важно да го процените за да може разговорот да го водите соодветно. • Пофалете го како изгледа и дајте му комплимент додека разговарате.
да вежбате и сте доста активни?“
Потоа поканете го клиентот да дојде во вашиот Fit Club. „Дали би сакале во вторник вечер да ни се придружите на едно забавно вежбање?“
2 Покана Fit Club Shake Party
Поканете го потенцијалниот клиент да дојде во вашиот Fit Club, да дојде на Shake Party или на активност што одговара на неговите потреби. Кога ќе дојде на вашата забава или во вашиот клуб: • Бидете подготвени. Знајте на што го каните. • Бидете професионални. Имајте при рака визит-картичка или флаер со сите детали за да му го дадете на клиентот. • Бидете самоуверени и направете моќна и убедлива покана.
Skincare Party Нутриционистички клуб Канцеларија Школа за правилна исхрана
По Fit Club, на клиентот обезбедете му дополнителна вредност со Wellness презентација или со презентација на здрав појадок, Wellness анализа и анализа на телесна композиција.
3 Направете
На која и активност да го поканите клиентите, додајте ѝ вредност на активноста.
презентација и понудете дополни телна вредност Направете Wellness презентација или презентација за здрав појадок.
• По активноста, направете Wellness презентација или презентација за здрав појадок. Во овие презентации има корисни информации што треба секој да ги знае, без оглед на тоа какви цели има, презентациите се одличен начин да се обезбеди услуга со дополнителна вредност. • Потоа направете комплетна Wellness анализа и анализа на телесна композиција. Објаснете му на клиентот зошто е секој параметар важен показател за здравјето и како да ги користи тие параметри за да го следи својот напредок. • Не заборавајте, на клиентот понудете му и континуирана едукацја и помош.
По презентациите, Wellness анализата и анализата на телесна композиција изберете план на оброци за вашиот клиент што ќе одговара на неговата цел. Тоа може да резултира со продажба , но не заборавајте, не се работи само за продавање производи. Пред да му презентирате на клиентот кои се соодветни производи за него, треба да му понудите дополнителна вредност и одлична услуга. 4 Поддршка и лојалност на клиентите Фокусирајте се на вашите клиенти, на нивните цели и на начинот на кој може да им дадете поддршка. За кратко ќе видите дека времето што го инвестирате во своите клиенти се исплати. Кога клиентот прави резултат, нормално е да сака да остане со вас и да донесе и пријатели и роднини; неговиот круг на влијание. Одржувајте контакт со клиентот за да видите како му оди и, ако купил производи, дали му се допаѓаат.
Сите активности што ги водите се со двојна цел; да го поддржувате и да му помагате на клиентот да ги постигне своите цели, и да изградите заедница луѓе со слични сфаќања кои ќе се поддржуваат едни со други.
Барајте и препораки. Клиентот кој е задоволен од производите и од вашата услуга ќе им ги препорачува производите и Herbalife брендот и на други луѓе. На тој начин ќе влезете во неговата мрежа на пријатели и роднини (првин треба задолжително да добиете негова согласност); разговарајте со нив и циклусот одново ќе почне…
21
3
КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ВРЕДНОСТ И ДА ГРАДИТЕ ЛОЈАЛНОСТ
Бизнис методите се забавни и ефикасни активности конкретно наменети да ви помогнат да најдете клиенти и да ги задржите.
Кога каните потенцијален клиент на некоја ваша активност, вие му помагате да се дружи со луѓе со слични сфаќања, да има мрежа од луѓе што природно ќе му даваат поддршка, и му покажувате како може да му понудите дополнителна вредност за да му помогнете да ги постигне своите цели. На следните страници ќе прочитате за испробани и тестирани презентации и бизнис методи кои им се корисни на многу Herbalife Членови. Има основни активности или активности на средно ниво. Не мора да ги правите сите; едноставно изберете ги оние што ви одговараат вам и на вашите бизнис цели.
➡➡ Shake Parties се одлична можност да зборувате за правилната исхрана и за навиките во вежбањето, да ја зголемите вредноста и корисните ефекти на здравиот, активен начин на живот. ➡➡ Кажете му на некој ваш постоен клиент дома да викне пријатели. Понудете му да дојдете и да му помогнете да направи Shake Party со бесплатна проба на производи со што ќе добиете можност да зборувате за правилната исхрана во забавна и опуштена атмосфера. 3D пакет Правилен појадок Што е тоа? 3D пакетот Правилен појадок е еден од најлесните и најисплатливи начни луѓето да ги запознаете со производите на Herbalife. Во пакетот има производи за 3 дена (или 6 дена ако го користите пристапот Здрав појадок), па клиентот може да ги проба производите без однапред да троши многу пари. Како може да ви помогне да најдете нови клиенти и да понудите дополнителна вредност: Пакетите за проба на производи најдобро се користат за да добиете клиенти и нивна крајна цел е потенцијалните клиенти да дознаат за комплетната програма производи и да ја купат. Малите порции се доволни за новиот клиент да го проба производот, да го проба вкусот и да види како ќе се чувствува потоа. Тоа значи дека ќе може да ги оцени производите без да потроши многу пари во случај да не сака да продолжи со програмата. Потоа поканете го новиот клиент на презентација за здрав појадок или на Wellness презентација и анализа, како и на анализа на телесна композиција. Со пакетите за проба на производи се решаваат две вообичаени работи за кои се загрижени новите клиенти и Членовите: 1. Трошок: новите клиенти можат да си ја дозволат ниската цена на Пакетот и да пробаат Herbalife производи без голем трошок. 2. Доверба: Пакетот за проба на производи полесно се продава поради цената и може да им помогне на Членовите да станат самоуверени во малопродажбата.
Основна активност
Процена и разговор
Покана
Направете презентација и понудете дополнителна вредност
Поддршка и лојалност на клиентите
1
2
3
4
22
3
КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ВРЕДНОСТ И ДА ГРАДИТЕ ЛОЈАЛНОСТ
Здрав појадок Што е тоа?
Основна активност
Што треба да обезбеди здравиот појадок? Со здрав појадок кој е спој од соодветни нутриенти енергијата бавно се ослободува, што ви помага да ја регулирате тежината затоа што на тој начин се намалува желбата за ужина. Здравиот појадок на телото му обезбедува и клучни нутриенти и бавно и урамнотежено ослободување енергија.
М О Ј О Т З Д Р А В П О Ј А Д О К
Здравиот појадок е одличен начин да започнете разговор и накратко да продискутирате со потенцијалниот клиент на тој начин што едноставно ќе му го поставите прашањето: Што појадувавте? Здравиот појадок претставува презентација што може да ја користите за да ги едуцирате потенцијалните клиенти за важноста на урамнотежената исхрана и зошто е важно да се јаде здрав појадок за да се биде здрав. „Што појадувавте?“ е едноставно прашање што може да ви помогне брзо да ги процените навиките на вашиот потенцијален клиент. 1. одговор. „Не појадував! Никогаш немам време.“ Одговор: „Дали знаете дека кога го прескокнувате појадокот може да постегнете по нездрава ужина во претпладневните часови? Тоа може да доведе до слаба концентрација и осцилации во апетитот во текот на денот.“ 2. одговор: „Каснав мафин и кафе од локална кафетерија на пат кон работа.“ Одговор: „Дали знаете дека слаткиот појадок што содржи многу јаглехидрати може да доведе до осцилации во енергијата во текот на денот? Покрај тоа, мафинот и кафето не ги содржат нутриентите и енергијата што ви се потребни наутро за да им дадете соодветно гориво на телото и на мозокот.“ Како може да ви помогне да најдете нови клиенти и да понудите дополнителна вредност: Здравиот појадок значи да се разберат честите грешки на клиентите кога избираат што да појадуваат. Во презентацијата се потенцира колку е важно да се прави добар избор и колку може лошиот избор да влијае на секојдневната и долгорочната исхрана. Кога ќе се наоружате со овие информации, не само што ќе можете да го едуцирате потенцијалниот клиент, туку и да му промовирате зошто е корисно да се јаде здрав појадок. Еве неколку клучни корисни ефекти кои се потенцирани во презентацијата: • Појадокот го забрзува метаболизмот. • Појадокот одредува како ќе бидеме дента расположени и помага да се подобри концентрацијата. • Правилниот појадок може да ви помогне да ја регулирате тежината. • Со здрав појадок се внесуваат клучни нутриенти. • Појадокот може да ви помогне да не посегнувате по нездрави ужини околу пладне.
Здравиот појадок на Herbalife се состои од: Формула 1 шејк, напиток Herbal Aloe и Инстант енергетски чај
• Здравиот појадок на Herbalife помага за поголема контрола на калорискиот внес во текот на денот. • Урамнотежен појадок како што е овој помага и да се достигне препорачаниот внес на макронутриенти утврден со Филозофијата на Herbalife за исхрана.
Бавно и урамнотежено ослободување енергија*
Ниво енергија
Рано наутро
Претпладне
* Во споредба со непојадување или појадок што не содржи висококвалитетен протеин, јаглехидрати (фруктоза со низок гликемиски индекс) и есенцијални масни киселини (алфа линоленска- омега 6).
➡➡ Почнете разговор! „Што појадувавте денеска?“ ➡➡ На потенцијалниот клиент претставете му го концептот Здрав појадок за да го едуцирате и инспирирате. Од MyHerbalife.com даунлодирајте ги материјалите за здрав појадок, како што се презентацијата и поканите.
Процена и разговор
Покана
Направете презентација и понудете дополнителна вредност
Поддршка и лојалност на клиентите
1
2
3
4
EFSA. (2011). НАУЧНО МИСЛЕЊЕ Научно мислење за поткрепа на медицинските тврдења поврзани со кофеинот и зголемување на физичките перформанси при кратко вежбање со висок интензитет (ID 737, 1486, 1489), зголемување на издржливоста. ЕК. (2013). РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕУ) бр. 536/2013 од 11 јуни 2013 г. за изменување и дополнување на Регулативата (ЕУ) бр. 432/2012 со која се утврдува листа на дозволени медицински тврдења за храна, покрај тврдењата кои се однесуваат на намалување на ризикот од болести и на развојот и здравјето на децата. Фруктоза. EFSA 2011; 9(6):2223. ЕК. (2012). РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕУ) бр. 432/2012 од 16 мај 2012 г. со која се утврдува листа на дозволени медицински тврдења за храна, покрај тврдењата кои се однесуваат на намалување на ризикот од болести и на развојот и здравјето на децата. Замена на оброци за регулирање на тежината. EFSA 2010; 8(2):1466. Одбор за храна и исхрана , Институт за медицина [IOM] Нутриционистички референтен внес на калории, јаглехидрати, растителни влакна, масти, масни киселини, холестерол, протеини и аминокиселини; National Academies Press: Вашингтон, 2005; , стр. 1331. Purslow et al. Калориски внес за појадок и промена во тежината: Проспективна студија на 6.764 средовечни мажи и жени. Am. J. Epidemiol. (2008) 167 (2):188-192. Cho et al. Ефект на видот појадок врз вкупниот дневен калориски внес и индексот на телесна маса: Резултати од Третата национална анкета за здравје исхрана (NHANES III). Списание на Американскиот колеџ за исхрана.(2003) 22 (4).
23
3
КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ВРЕДНОСТ И ДА ГРАДИТЕ ЛОЈАЛНОСТ
Wellness анализа Wellness презентацијата е идеална да се користи со потенцијални (и нови) клиенти пред да им направите Wellness анализа. Презентацијата ќе ви помогне да ја зајакнете релацијата на тој начин што на клиентот ќе му презентирате информации што можеби не ги знае и ќе му покажете како може да му помогнете да ги постигне своите цели со комбинација од правилна исхрана и здрав, активен начин на живот. Филозофијата на Herbalife за глобална исхрана може да ја даунлодирате на MyHerbalife.com или да поразговарате со својот спонзор која е соодветна презентација за вашите потреби. Што е тоа Wellness анализа? Wellness анализата ви овозможува да направите комплетна процена на нутриционистичкиот профил на клиентот и на телесната композиција, а истовремено ви дава корисен увид во неговата исхрана и во животните навики. Од овие информации ќе може да утврдите што може да подобри и да му понудите индивидуализирано Herbalife решение; на клиентот ќе му помогнете да си постави цели и ќе му понудите поддршка каква што му треба. Добро е на потенцијалните и новите клиенти да им ја презентирате и Филозофијата за исхрана на Herbalife. Wellness анализите ви помагаат: • Да добиете клиенти така што ќе ги заинтригирате со интерактивен и интересен пристап. • Да имате конструктивен и детален разговор што ќе ви помогне да ги разберете вистинските потреби на вашиот потенцијален клиент. Тоа ќе ви помогне да изградите релација и да му понудите програма индивидуализирана конкретно за него. • Да му понудите корисни wellness совети на потенцијалниот клиент и да му презентирате решение со Herbalife производи. • Да направите анализа на телесна композиција. • Да добиете препораки од клиентите на кои ќе им направите Wellness анализа.
Основна активност
ФАКТ Не мора да бидете
нутриционист или fitness инструктор за да правите Wellness анализи. Анализи може да ги прави секој што е запознаен со алатките.
ЛИЧЕН WELLNESS COACH Побарајте БЕСПЛАТНА анализа
➡➡ Презентацијата на Филозофијата на Herbalife за глобална исхрана е идеална за да го едуцирате потенцијалниот клиент, како додаток на вашата Wellness анализа.
➡➡ Заинтересирајте ги потенцијалните клиенти со прашањето „Дали некогаш се прашувате како може да ја подобрите исхраната и какви придобивки ќе ви донесе тоа?“ ➡➡ Потенцијален клиент може да поканите на Wellness анализа во секое време, особено ако е тој премногу зафатен за да разговарате на вашиот прв состанок. ➡➡ Со голем дел од бизнис методите се нудат одлични можности потенцијалните клиенти да ги поканите на Wellness презентација и анализа, па не заборавајте дека бизнис методите не мора да ги користите одделно!
Процена и разговор
Покана
Направете презентација и понудете дополнителна вредност
Поддршка и лојалност на клиентите
1
2
3
4
24
Made with FlippingBook