IBO Book - MK
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
Животниот циклус на клиентот
Животниот циклус на клиентот го претставува патешествието на секој што ќе почне со Herbalife. Веројатно и вие го имате искусено тоа. Одвојте малку време и потсетете се како дознавте за Herbalife и како природно се одвиваше вашето патување; па дојдовте до овде до каде што сте сега. Еве едно вообичаено патување: Потенцијален клиент е поканет на некоја Herbalife активност или во некој центар од страна на Herbalife Член, каде што веројатно добива Wellness анализа и анализа на телесна композиција. Потоа му се презентирани производите и со помош на својот Herbalife советник (личен Wellness Coach) дознава за Филозофијата за исхрана на Herbalife и ја прифаќа. Кога ќе стане клиент , за кратко време забележува резултати ако ги користи Herbalife производите, ако ја следи програмата, ако има корисна лична релација со својот Herbalife советник (личен Wellness Coach), ако има едукација и ако е дел од заедница. По одличните резултати и многуте комплименти од пријателите и роднините, клиентот за кратко време станува лојален клиент! Во оваа фаза клиентот обично им кажува за својот резултат на другите и на својот личен Wellness Coach му препорачува пријатели и роднини, па дури и размислува и самиот да стане Herbalife Член. Пренесувањето на Herbalife искуството на други луѓе е почеток за изградба на база клиенти. Во оваа фаза лојалниот клиент може да се одлучи да стане Herbalife Член и да почне да заработува со работење на бизнисот хонорарно. Кога Членот ќе достигне Супервизорско ниво во Продажниот маркетинг план, веројатно има изградено цврста организација на лојални клиенти и Членови. Кога водите сопствен Herbalife бизнис треба да го следите овој пристап за вашите клиенти; ќе добивате клиенти и ќе создавате лојалност на тој начин што ќе им обезбедувате првокласна услуга на клиентите. Со градење база на клиенти што ќе расте ќе го зголемувате потенцијалот за заработка.
Нов клиент
Лојален клиент
Член
12
Made with FlippingBook