IBO Book - MK
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
Клучно е да составите моќно лично искуство кое ќе стане една од вашите највлијателни алатки за продажба – затоа е важно да го составите добро! Зајакнете го искуството со фотографии. Покрај тоа што фотографиите ќе ви помогнат да го евидентирате резултатот направен со производите и да им покажете на другите како здравиот, активен начин на живот и Herbalife производите го променија вашиот живот, тие се и одлична реклама за вашиот бизнис.
ФАКТ Резултатите не мора да се однесуваат исклучиво на губење тежина, може да искористите фотографии за да покажете фитнес промени, промени во телесната
композиција и во општата состојба.
Како да го пренесете своето искуство со производите: 1. Опишете што правевте претходно. На пример, што јадевте и какви навики за вежбање имавте пред да го откриете Herbalife? 2. Раскажете како се чувствувате сега и како ви се подобри животот. 3. Не заборавајте да кажете што подобривте во навиките во исхраната и во физичката активност, како и кои производи ги користите. 4. Без оглед на тоа дали го пренесувате искуството усно или во печатена форма, секогаш користете ја правната изјава за губење тежина.
„Ја зголемив чистата мускулна маса и се чувствувам подобро од кога и да е“
Порано… • Огладнував веднаш по оброците и добивав напади за благо • Кога одев на одмор си се честев со премногу „слатки залачиња“ • Путерот од кикирики и чоколадото ми беа слабост
Сега…
Корисни упатства:
• Со секој оброк јадам поголема порција протеин • Ги намалив телесните масти • Ја зголемив мускулната маса
Составете кратко и прецизно искуство.
Публиката нека ја почувствува вашата емоција.
Еве како постигнав резултати: • 5 пати неделно правев вежби со дигање тежина • 3 пати неделно одев во Fit Club каде што вежбав во група што ме инспирираше и ме мотивираше да продолжам понатаму • По вежбање пијам Herbalife24 Rebuild Strength и Hydrate • Чоколадото и путерот од кикирики ги заменив со Протеинското чоколатце на Herbalife • Пијам по 2 или повеќе литри вода дневно во комбинација со Herbal Aloe
Наведете и промени во вашата телесна композиција, на пример процент на телесни масти или чиста мускулна маса. Тие се одличен начин да покажете дел од позитивните резултати. Имајте искуство за секоја категорија производи. Тоа ќе ви помогне лесно и со доверба да продавате многу различни производи!
• За вечера јадам квалитетна риба или мисирка, а двапати дневно пијам Формула 1 и Формула 3 протеински додаток за да го зголемам протеинскиот внес
Профил Име и презиме: Хана Едмонсон Држава: Обединето Кралство Нов конфекциски број: 8
Резултатите не се исти за сите. Индивидуалните резултати се разликуваат од човек до човек. Програмата за регулирање на тежината на Herbalife ® може да помогне во слабеење или регулирање на тежината само како дел од начин на исхрана со контролиран калориски внес.
За повеќе информации во врска со тоа како да составите цврсто и успешно искуство со производите, посетете ја Зоната на знаење на MyHerbalife.com.
15
Made with FlippingBook