IBO Book - MK
3
КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ВРЕДНОСТ И ДА ГРАДИТЕ ЛОЈАЛНОСТ
Здрав појадок Што е тоа?
Основна активност
Што треба да обезбеди здравиот појадок? Со здрав појадок кој е спој од соодветни нутриенти енергијата бавно се ослободува, што ви помага да ја регулирате тежината затоа што на тој начин се намалува желбата за ужина. Здравиот појадок на телото му обезбедува и клучни нутриенти и бавно и урамнотежено ослободување енергија.
М О Ј О Т З Д Р А В П О Ј А Д О К
Здравиот појадок е одличен начин да започнете разговор и накратко да продискутирате со потенцијалниот клиент на тој начин што едноставно ќе му го поставите прашањето: Што појадувавте? Здравиот појадок претставува презентација што може да ја користите за да ги едуцирате потенцијалните клиенти за важноста на урамнотежената исхрана и зошто е важно да се јаде здрав појадок за да се биде здрав. „Што појадувавте?“ е едноставно прашање што може да ви помогне брзо да ги процените навиките на вашиот потенцијален клиент. 1. одговор. „Не појадував! Никогаш немам време.“ Одговор: „Дали знаете дека кога го прескокнувате појадокот може да постегнете по нездрава ужина во претпладневните часови? Тоа може да доведе до слаба концентрација и осцилации во апетитот во текот на денот.“ 2. одговор: „Каснав мафин и кафе од локална кафетерија на пат кон работа.“ Одговор: „Дали знаете дека слаткиот појадок што содржи многу јаглехидрати може да доведе до осцилации во енергијата во текот на денот? Покрај тоа, мафинот и кафето не ги содржат нутриентите и енергијата што ви се потребни наутро за да им дадете соодветно гориво на телото и на мозокот.“ Како може да ви помогне да најдете нови клиенти и да понудите дополнителна вредност: Здравиот појадок значи да се разберат честите грешки на клиентите кога избираат што да појадуваат. Во презентацијата се потенцира колку е важно да се прави добар избор и колку може лошиот избор да влијае на секојдневната и долгорочната исхрана. Кога ќе се наоружате со овие информации, не само што ќе можете да го едуцирате потенцијалниот клиент, туку и да му промовирате зошто е корисно да се јаде здрав појадок. Еве неколку клучни корисни ефекти кои се потенцирани во презентацијата: • Појадокот го забрзува метаболизмот. • Појадокот одредува како ќе бидеме дента расположени и помага да се подобри концентрацијата. • Правилниот појадок може да ви помогне да ја регулирате тежината. • Со здрав појадок се внесуваат клучни нутриенти. • Појадокот може да ви помогне да не посегнувате по нездрави ужини околу пладне.
Здравиот појадок на Herbalife се состои од: Формула 1 шејк, напиток Herbal Aloe и Инстант енергетски чај
• Здравиот појадок на Herbalife помага за поголема контрола на калорискиот внес во текот на денот. • Урамнотежен појадок како што е овој помага и да се достигне препорачаниот внес на макронутриенти утврден со Филозофијата на Herbalife за исхрана.
Бавно и урамнотежено ослободување енергија*
Ниво енергија
Рано наутро
Претпладне
* Во споредба со непојадување или појадок што не содржи висококвалитетен протеин, јаглехидрати (фруктоза со низок гликемиски индекс) и есенцијални масни киселини (алфа линоленска- омега 6).
➡➡ Почнете разговор! „Што појадувавте денеска?“ ➡➡ На потенцијалниот клиент претставете му го концептот Здрав појадок за да го едуцирате и инспирирате. Од MyHerbalife.com даунлодирајте ги материјалите за здрав појадок, како што се презентацијата и поканите.
Процена и разговор
Покана
Направете презентација и понудете дополнителна вредност
Поддршка и лојалност на клиентите
1
2
3
4
EFSA. (2011). НАУЧНО МИСЛЕЊЕ Научно мислење за поткрепа на медицинските тврдења поврзани со кофеинот и зголемување на физичките перформанси при кратко вежбање со висок интензитет (ID 737, 1486, 1489), зголемување на издржливоста. ЕК. (2013). РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕУ) бр. 536/2013 од 11 јуни 2013 г. за изменување и дополнување на Регулативата (ЕУ) бр. 432/2012 со која се утврдува листа на дозволени медицински тврдења за храна, покрај тврдењата кои се однесуваат на намалување на ризикот од болести и на развојот и здравјето на децата. Фруктоза. EFSA 2011; 9(6):2223. ЕК. (2012). РЕГУЛАТИВА НА КОМИСИЈАТА (ЕУ) бр. 432/2012 од 16 мај 2012 г. со која се утврдува листа на дозволени медицински тврдења за храна, покрај тврдењата кои се однесуваат на намалување на ризикот од болести и на развојот и здравјето на децата. Замена на оброци за регулирање на тежината. EFSA 2010; 8(2):1466. Одбор за храна и исхрана , Институт за медицина [IOM] Нутриционистички референтен внес на калории, јаглехидрати, растителни влакна, масти, масни киселини, холестерол, протеини и аминокиселини; National Academies Press: Вашингтон, 2005; , стр. 1331. Purslow et al. Калориски внес за појадок и промена во тежината: Проспективна студија на 6.764 средовечни мажи и жени. Am. J. Epidemiol. (2008) 167 (2):188-192. Cho et al. Ефект на видот појадок врз вкупниот дневен калориски внес и индексот на телесна маса: Резултати од Третата национална анкета за здравје исхрана (NHANES III). Списание на Американскиот колеџ за исхрана.(2003) 22 (4).
23
Made with FlippingBook