IBO Book - MK

3

КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ВРЕДНОСТ И ДА ГРАДИТЕ ЛОЈАЛНОСТ

Healthy Active Clubs Што е тоа Healthy Active Club?

Активност на средно ниво

Healthy Active Clubs (познати и како Fit Clubs, Fit Camps или Fit предизвици) претставуваат концепт составен од три компоненти: правилна исхрана, физичка активност и дружење. Тие ви помагаат за подолга ретенција на клиентите, бидејќи луѓето уживаат да прават активности заедно со други луѓе од нивната заедница кои имаат слични сфаќања. Најважен елемент е активностите да бидат забавни и луѓето да се дружат. Не грижете се ако не сте во најдобра можна физичка форма, физичката спремност може да ја зголемите со едноставни активности (трчање, возење велосипед, истегнување, пешачење, игри со топка), што треба да бидат безбедни и практични, и не заборавајте да побарате совет ако не сте сигурни за активностите. Како може да ви помогне да најдете нови клиенти и да понудите дополнителна вредност: • По активноста, учесниците може да ги поканите да дознаат повеќе за Herbalife. Тоа е одлична можност да ги едуцирате за важноста на правилната исхрана и физичката активност. Тоа е и одличен момент вашите клиенти и Членови да им ги пренесат своите искуства на новите учесници. Кога ќе ги слушнат успешните резултати и страста за Herbalife и за производите, вашите потенцијални клиенти ќе бидат инспирирани и охрабрени да станат клиенти. • По активноста може да направите и презентација за здрав појадок или за Wellness и кратка Wellness анализа, што ќе ви помогне да дознаете повеќе за навиките и за начинот на живот на учесникот. Потоа поканете го учесникот повторно на состанок за да му направите комплетна Wellness анализа, како и анализа на телесна композиција. • Важен совет е да се обидувате да наоѓате нови луѓе секоја недела, преку препораки, преку луѓето од вашиот круг на влијание, или едноставно може да излезете надвор и да делите коректно брендирани покани и флаери. Колку повеќе нови луѓе имате, толку поголем моментум создавате. ➡➡ Healthy Active Clubs се одлична можност да се пренесат корисните ефекти на правилната исхрана и на вежбањето. ➡➡ Healthy Active Clubs се исклучително ефикасен начин да се понуди дополнителна вредност и да се изгради корисна релација со клиентите. Тие се и начин да се добијат лојални клиенти бидејќи со нив се обезбедува бесценета поддршка и место каде што ќе може редовно да се среќавате со своите клиенти и да ги следите како напредуваат, да им оддавате признание за нивните резултати и да изградите заедница луѓе со слични сфаќања.

HERBALIFE ACTIVE

Одличен начин да добиете нови клиенти се и разните видови предизвици. Може да испланирате свои предизвици или да бидете многу успешен со предизвикот Level 10 на Herbalife. Со Level 10 предизвикот учесниците добиваат шанса да ја постигнат својата Level 10 цел во рок од 90 дена, без оглед на тоа дали е целта намалување на тежината, губење телесни масти или добивање чиста мускулна маса. За предизвикот со вашите учесници треба да го направите следното • Индивидуализирана анализа на телесна композиција. • Индивидуализирана програма за исхрана и план на оброци. • Редовни консултации и поддршка од тренер. • Едукација за исхраната и за вежбањето. • Неделни состаноци. • Плус, предизвикот претставува натпреварувачка средина што на клиентите им помага да останат мотивирани и во колосек секој ден и повеќе да се вложуваат кога вежбаат. Кога се натпреваруваат, учесниците може да освојат и одлични награди. За повеќе информации одете на HerbalifeActive.mk.

СОВЕТ Не заборавајте да земете препораки од присутните!

Процена и разговор

Покана

Направете презентација и понудете дополнителна вредност

Поддршка и лојалност на клиентите

1

2

3

4

4

28

Made with