IBO Book - MK
3
КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ВРЕДНОСТ И ДА ГРАДИТЕ ЛОЈАЛНОСТ
Канцелариите се база во која треба да применувате некои од вашите Herbalife бизнис методи и активности во заедницата.
Тие претставуваат физичка локација за дружење на која луѓе со слични нутриционистички цели секојдневно се поврзуваат и си стануваат своја најдобра група за поддршка додека учествуваат во активности како што се: Shake Parties, Wellness анализи, презентации за здрав појадок и Fit Club. Локацијата може да ја водите сами или да ја делите со други Herbalife Членови од вашето место. Кога ќе станете Член, не брзајте веднаш да отворите фиксна локација. Наместо тоа, фокусирајте на изградба на заедница од клиенти кои ќе ги поддржувате. Кога ќе решите да отворите фиксна локација, не заборавајте дека треба да земете предвид голем број финансиски аспекти, како на пример прилив и одлив на пари, режиски трошоци, како што се закуп/наем на просторот, камати, комуналии, итн.
Нутриционистички клуб Што е тоа Нутриционистички клуб Како и канцелариите, Нутриционистичките клубови се место каде што членовите редовно се среќаваат со луѓе со слични сфаќања и еден на друг си оддаваат признание за напредокот и за резултатите во однос на исхраната. Тоа е и место каде што може да ги работите своите бизнис методи и активности со постојните и со потенцијални клиенти, кои може да доаѓаат само со лична покана. Како може да ви помогне да најдете клиенти и да понудите дополнителна вредност: Дружење – Вашите потенцијални клиенти може да се запознаат со производите на Herbalife во друштвена атмосфера, што ќе ви овозможи да изградите и да ја продлабочите личната релација кој е суштина на директната продажба. Природна средина – клубовите се неформална, опуштена средина во која членовите може да ги едуцирате за исхраната, да зборувате за производите и да ја презентирате деловната можност. Можност за малопродажба – Голем дел од членовите на клубот ќе купат производи за себе.
Активност на средно ниво
СОВЕТ Не заборавајте да земете препораки од присутните!
➡➡ Нутриционистичките клубови се исклучително ефикасен начин да се понуди дополнителна вредност и да се изгради корисна релација со клиентите. Тие се и начин да се добијат лојални клиенти бидејќи со нив се обезбедува бесценета поддршка и место каде што ќе може редовно да се среќавате со своите клиенти и да ги следите како напредуваат, да им оддавате признание за нивните резултати и да изградите заедница луѓе со слични сфаќања.
Процена и разговор
Покана
Направете презентација и понудете дополнителна вредност
Поддршка и лојалност на клиентите
1
2
3
4
30
Made with FlippingBook