IBO Book - MK

3

КАКО КЛИЕНТИТЕ ДА СТАНАТ ЛОЈАЛНИ КЛИЕНТИ

Поддршката на клиентите помага во градење лојалност

Важно е да имате испланирано структура со која ќе ги поддржувате и ќе ги следите своите клиенти. Тоа не само што ќе им помогне да ги остварат своите цели, туку ќе создадете и база лојални клиенти што, пак, ќе ви помогне да ги задржите клиентите или да се искачите на повисоко ниво во Продажниот маркетинг план. Без оглед на тоа дали клиентот купува по еден производ на два месеци или купува комплетна Herbalife програма на две недели, секој клиент заслужува одлична услуга. Третирањето на клиентите

со почит и внимание е еден од најдобрите начини: • Да им помогнете на клиентите да постигнат позитивни резултати. • Континуирано да ја јакнете релацијата со клиентите. • Да ги поттикнувате редовно да нарачуваат производи и да станат лојални клиенти. • Да ги стимулирате да ги препорачуваат производите на други луѓе. Како дел од вашата поддршка и следење на клиентите применувајте ги следните работи: 1. Едуцирајте ги клиентите за правилната исхраната и за потребите на телото. 2. Учете ги да не прескокнуваат оброци. 3. Помогнете им да внесуваат повеќе протеин за потребите на телото и за да ги остварат целите. 4. Разговарајте со нив за корисните ефекти на здравите масти и погрижете се да внесуваат доволна количина масти секој ден. 5. Проверувајте дали одржуваат соодветна хидрација. 6. Погрижете се клиентите да имаат редовна физичка активност што е соодветна за нив. 7. Учете ги да се одмораат и да го регенерираат телото. 8. Инспирирајте ги да ги остварат своите цели. Поддршката и следењето на клиентите треба да ги индивидуализирате да одговараат на нивните цели.

Не заборавајте: Како Herbalife Член, вие сте во уникатна позиција да им понудите дополнителна вредност на своите клиенти – нешто што не би го добиле со обично купување производ во продавница.

Целата суштина е да им помогнете на клиентите да ја постигната својата Level 10 цел.

И секогаш трудете се:

Да ги слушате и запознавате своите клиенти и да создадете заедница од клиенти. 1. Запознајте ги своите клиенти за да може да го индивидуализирате искуството 2. Користете го нивното име и правете да се чувствуваат важно.

3. Оддадете им признание за нивната лојалност. Може, на пример, да им дадете мал подарок за постигнатите резултати. 4. Создадете заедница од клиенти – тоа може да биде заедничка средба на клиентите навечер или онлајн заедница.

36

Made with