IBO Book - MK

4

РЕГИСТРИРАЊЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ

Зошто треба да регистрирам нови Членови?

Регистрирањето нов Член е важен чекор од вашиот пат на градење Herbalife бизнис. Со регистрирање нови Членови вие градите тим (познат и како долни линии), што ќе ви помогне да остварите поголем успех со Herbalife бизнисот. Преку градење долни линии (односно Членови спонзорирани од вас како Член) почнувате да ги гледате дополнителните придобивки од вашето Членство во Herbalife бидејќи заработувате дополнителен профит, на пр., профит од големопродажба. Свртете на 48. страница за да прочитате повеќе за начините на заработка. Лојалните клиенти често стануваат Herbalife Членови Вашата база лојални клиенти е најдобро место да почнете да градите организација. Лојалните клиенти имаат направено резултат, ги сакаат производите и брендот, и се запознаени со начинот на кој го водите бизнисот на тој начин што учествуваат во вашите активности за бизнис методите. Па, природно е и едноставно да станат Членови. Поразговарајте со нив за придобивките да се биде Herbalife Член, како што се: • Ексклузивни цени за Членовите. • Може директно да работат со Herbalife кога купуваат производи или ако сакаат да прашаат нешто. • Имаат 24/7 пристап до MyHerbalife.com каде што може да нарачуваат производи, имаат пристап до алатки и материјали за обука и може да го менаџираат својот бизнис. • Имаат пристап до настани* за Членови и први дознаваат кога се лансираат нови производи и кога се објавуваат ажурирани информации. Кога е клиентот спремен да се регистрира, добра идеја е да ја процените неговата мотивираност и неговите цели: • Дали сака да се регистрира како Herbalife Член за да ги добие поволностите во однос на цените за Членови? • Дали сака само да заработи доволно за да го надомести трошокот за својата програма со производи на тој начин што ќе препорача четири или пет редовни клиенти? • Дали сака да заработува хонорарен приход? • Дали сака да го работи Herbalife бизнисот како кариера, да изгради голема база клиенти, да користи дополнителни попусти и да напредува во Продажниот маркетинг план со цел да добива редовен приход? Откако ќе ги утврдите целите што вашиот клиент сака да ги постигне како Член, на клиентот ќе може да му ја дадете соодветната поддршка. На пример, ако клиентот само сака да се регистрира за да купува по поповолните цени што ги нуди Членството, може да му помогнете со процесот на регистрација и едноставно да му бидете при рака за да го советувате кога има потреба. Клиентот може да одлучи активно да го развива својот Herbalife бизнис во иднина, па затоа е важно да останете во контакт. Ако вашиот Herbalife Член сака само да заработи доволно пари за да го надомести трошокот за својата програма на тој начин што ќе најде четири или пет редовни клиенти (што генерираат продажба во вредност од 500 ВП), на клиентот ќе му треба обука за да го постигне тоа. Тука вие заземате многу важна улога на спонзор и ќе треба да му помагате и да го поддржувате новиот Член и да му ги обезбедите сите алатки и обуки кои му се потребни за да ги оствари своите цели.

ФАКТ Не се само лојалните клиентите што може да станат Членови… Деловната можност на Herbalife е отворена за секого!

* Квалификациите важат.

38

Made with