IBO Book - MK
5
ПРОДАЖНИОТ МАРКЕТИНГ ПЛАН
Супервизор 50% попуст на производи
8 - 25% профит од големопродажба До 5% R/O
Плус пристап до специјални обуки, бонуси и можност за квалифицирање за промоции и одмори. Како да се квалифицирате и попуст на производи: • 4.000 волуменски поени во еден месец, од тие 4.000 ВП минимум 1.000 ВП треба да бидат незафатени, или • 4.000 волуменски поени во 2 врзани месеци, од тие 4.000 ВП минимум 1.000 ВП треба да бидат незафатени, или • 4.000 волуменски поени во 3-12 месеци, од тие 4.000 ВП минимум 2.000 ВП треба да бидат ЛКП. Кога ќе ги остварите потребните волуменски поени за Супервизорска квалификација се сметате за Супервизор во квалификација сè до 1. ден следниот месец, кога станувате Потполно квалифициран Супервизор. Како Супервизор во квалификација, имате право на привремен попуст од 50% во преостанатиот дел од месецот во кој сте ги оствариле квалификациските волуменски поени.
Како Супервизор имате право на: • 50% профит од малопродажба кога им продавате производи
на клиенти по предложената малопродажна цена. • 8-25% профит од големопродажба (провизија)
Може да заработите провизија на производите купени од страна на Членови во вашите долни линии. Износот што ќе го заработите е разликата меѓу вашиот попуст на производите и попуст на Членот во вашите долни линии (на пр., ако сте на 50% попуст сте и имате VIP Член во вашите долни линии на попуст од 35%, ќе заработите 15% профит од големопродажба (провизија) на производите што тој ги купил). • До 5% R/O Кога сте Супервизор и имате потполно квалифицирани Супервизори или Супервизори во квалификација во првите три долни линии, може да се квалифицирате да заработувате R/O од 1-5% на вашиот организациски волумен.
58
Made with FlippingBook