IBO Book - MK

6

АЛАТКИ И МАТЕРИЈАЛИ

Мерете го својот успех

За да имате здрав бизнис е важно да водите евиденција за вашите клучни параметри. На MyHerbalife.com имаме избор на однапред подготвени формулари што ви помагаат секој ден да водите евиденција за успешноста на вашиот бизнис и на текот на парите и да применувате неопходни промени за да ги постигнете вашите месечни цели. Со следење на бизнисот и со анализа на тоа што функционира, и тоа што не функционира, овие информации може да ги користите за побрзо да напредувате во Продажниот маркетинг план (в. стр. 47 за повеќе детали). Ако не водите евиденција за својот бизнис потешко ќе откривате кои аспекти треба да ги подобрите. Кажете им на сите Членови во вашата организација да водат евиденција за својот бизнис. Тоа ќе им помогне и ним и на бизнисот, но и вие ќе имате претстава како им оди и ќе може да им оддавате признанија за нивниот успех и да им давате предлози за подобрувања. Како да водите евиденција? Бизнис параметрите може да ги следите на разни начини: • На хартија – тоа го правеше Марк Хјуз (1956-2000), основачот и прв Член на Herbalife. Даунлодирајте ги формуларите за евиденција дадени на MyHerbalife.com • Може да користите табла за пишување • На мобилен телефон, компјутер, iPad/таблет • Или пробајте го Google Docs. Не е важно како водите евиденција; сè додека водите! За што треба да водите евиденција? Има неколку параметри што треба да ги следите во бизнисот, но може да почнете со следните: • Ваш личен волумен • Организациски волумен • Број на луѓе кои доаѓаат на настани • Дневни бизнис активности:

• Колку луѓе сте поканиле • Колку луѓе присуствувале • Број на продадени Пакети за Членство во Herbalife • Колкумина станале клиенти

Разговарајте со својот upline, ментор, спонзор и следете ги истите работи.

СОВЕТ

• Бидете дисциплинирани и искрени со себе. • Бидете конзистентни – пополнувајте ги секој ден, секоја недела или секој месец, според потребите. • Приспособете некои работи ако е потребно – сменете ги нештата што не функционираат, зајакнете ги нештата што функционираат.

• Ограничете се на неколку клучни параметри за да ви биде многу полесно да водите евиденција како напредува вашиот бизнис. • Водете евиденција колку трошите и менаџирајте ги трошоците.

Пробајте ги овие совети што ќе ви помогнат успешно да водите евиденција: • Даунлодирајте ги и користете ги формуларите за водење евиденција на MyHerbalife.com. • Користете ги неколку месеци – дали има разлика во вашата продукција?

68

Made with