IBO Book - MK
1
ВРЕДНОСТА НА ЧЛЕНОТ
Уникатната вредност на Herbalife Членот
Еден од првите начини на клиентите да им понудите дополнителна вредност е да бидете производ на производите и да се доведете во најдобра можна форма; да ја постигнете својата Level 10 цел, па користете ги производите секој ден. Кога и сами ќе направите резултат со производите и луѓето го забележуваат вашето преобликувано тело, со нив ќе може да зборувате од лично искуство – да им го пренесете знаењето што сте го стекнале на вашето патување. Кога зборувате од лично искуство и клиентот го гледа резултатот од прва рака, вие сте во цврста позиција. Кога имате лична релација со клиентот и директно му продавате нему, вие, како Herbalife Член, му нудите дополнителна вредност и тоа е ваша предност во однос на другите алтернативи. Клиентот што оди во супермаркет и едноставно избира производ од полица не добива секогаш најдобри резултати. Кога купуваме производ од полица не добиваме реална слика или едукација во врска со тоа како функционира производот. Со овој метод на купување не ги добиваме ниту континуираната поддршка, охрабрувањето и советите што ги добиваме со директна продажба. Затоа вие, како Herbalife Член, со фокусирање на дополнителна вредност, поддршка на клиентите и првокласна услуга, може да им помогнете на клиентите да бидат задоволни, лојални и заинтересирани за Herbalife. Има неколку клучни елементи што им помагаат на клиентите да ја постигнат својата Level 10 цел. Работете со клиентите за да им помогнете да водат здрав, активен начин на живот со здрава исхрана, правилна програма за вежбање и со соодветни производи што одговараат на нивните потреби. Да се биде личен тренер на клиент значи и да се мотивира клиентот, да се приспособува неговата програма според потребите и да му се помага да остане во колосек за да дојде во најдобра можна форма. Не заборавајте дека е клучно да му помогнете да почне да учествува во активности во заедницата . Вашиот клиент, секако, треба да вложува труд и да има добар пристап. Со оваа формула, многу е поголема веројатноста клиентот да ја направи позитивната промена што ја сака и да ја постигне својата цел.
СТАВ
ОСТВАРЕТЕ ЈА И ОДРЖУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА ЦЕЛ
Здрава исхрана
Редовно вежбање
Соодветни производи
Личен тренер
Заедница
ЛИЧНА ПОДДРШКА НА ЧЛЕНОТ
09
Made with FlippingBook