IBO Book - MK
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
ЗБОРУВАЈ
Кога зборувате со луѓе, зборувате со потенцијални клиенти и вашата цел е да ги поканите на некоја активност. Крајната цел на зборувањето со луѓе е тие да се заинтересираат, со душа да чекаат да дознаат повеќе и да ја прифатат вашата покана да присуствуваат на некоја активност што вие ја водите. За време на активноста може да им објасните подетално што имате да им понудите. Обично имате 15 секунди да почнете разговор со потенцијален клиент. Без оглед на тоа дали се познавате или не, кога почнувате разговор со некого треба да користите два елемента: да го процените и да го поканите. 1. Процена – Прочитајте ја вашата публика и утврдете дали е заинтересирана или не, и како може да помогнете. 2. Покана – Поканете го потенцијалниот клиент на некоја активност/настан што вие го организирате, на пример Shake Party, Fit Club или Wellness анализа.
Почнете со оние што ги знаете – вашиот круг на влијание.
СОВЕТ Земете им телефонски број за да може да им пратите брза порака еден ден пред настанот за да ги потсетите. СОВЕТ „Погледнете ја мојата Facebook страница“ е едноставен и лесен начин да ги поканите луѓето да го погледнат вашиот бизнис и да видат што правите.
Секој што ќе го запознаете е потенцијален клиент, па затоа е важно да разговарате со што е можно повеќе луѓе. Меѓутоа, кога сте почетник, најлесно е да зборувате со луѓе што веќе ги знаете, на пример пријатели, роднини и колеги од работа. Тие се вашиот круг на влијание. Зошто? Бидејќи ве познаваат, веќе имате изградено релација со нив и ниво на доверба и влијае. Кога разговарате со нив пристапете им како да ги каните на забава или на дружење. Едноставно бидете опуштени! А и лесно е да доведеш пријаел во една друштвена средина како што е Fit Club или Shake Party. Па, како да почнете? Еден од најлесните начини да почнете разговор е да ги отворите контактите во телефон, имејл или на Facebook. Секој што го знаете може да го исконтактирате со само еден клик, сега е најлесно од кога било да се стапи во контакт со некого. Некои луѓе може да ви кажат не Некои од луѓето со кои разговарате едноставно нема да бидат заинтересирани. Не губете си подолго време со нив отколку што ви е потребно, поминете повеќе време со луѓе кои се ваш целен пазар – луѓе кои се отворени и заинтересирани. Ќе видите дека голем дел од луѓето спаѓаат во оваа група. Кога луѓето ќе ви кажат „не“, не заборавајте дека тие не ве одбиваат вас лично, туку едноставно не се спремни да воведат промена за здрав активен начин на живот.
18
Made with FlippingBook