IBO Book - MK
2
НАЈДЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ ИМ И НА ДРУГИ ДА ЈА ПОСТИГНАТ СВОЈАТА ЦЕЛ
Прашања на клиентите
Има неколку вообичаени прашања или предизвици за кои може да треба да им помогнете на клиентите. Еве неколку:
1. По вежбање клиентот не јаде урамнотежен оброк богат со протеини Кога луѓето почнуваат да вежбаат, нормално е апетитот да им се зголеми. Ако не се внимателни или организирани, може да го зголемат внесот на брза храна што обично содржи голем процент прости јаглехидрати и калории. Советувајте ги клиентите по вежбање да јадат оброк кој е богат со протеини и однапред да имаат подготвено здрави ужини за кога е огладнат. Важно е кога ќе им се пријаде да имаат при рака здрави опции со контролиран број калории. Идеална ужина во такви моменти се овошје, зеленчук или Herbalife ужина богата со протеин. 2. Клиентот прескокнува оброци или не се храни правилно Со прескокнување оброци телото се изгладнува од клучни нутриенти и може да се забави метаболизмот. Тоа може да го наруши начинот на исхрана и клиентот може да престане да ја следи програмата со производи според инструкциите.
Важно е вашиот клиент да имаат здрава, доброурамнотежена исхрана и да внесуваат разнобоен зеленчук, сложени јаглехидрати и здрав протеин, како на пример мисиркино месо, пилешко месо, риба или тофу. Кога прескокнуваме оброци, кога не го приготвуваме шејкот според упатството на етикетата, кога не внесуваме соодветна количина протеин или доволно растителни влакна, може да ни се јават напади на глад и кризи за нездрава храна. Растителни влакна може да се додадат со овошна ужина и/или со производите на Herbalife богати со растителни влакна. 3. Клиентот не внесува редовно доволна количина протеин Протеинскиот внес е клучен дел од програмата на Herbalife и многу луѓе се изненадени колку многу протеин треба да внесуваат! Едуцирајте ги за корисноста на протеинот и советувајте ги колку протеин треба да внесуваат секој ден (ние препорачуваме 1-2 гр. протеин на килограм телесна тежина*, или може да го одредите нивниот протеински фактор со Wellness аплиакцијата за мобилни телефони или со калкулаторот на ИТМ на Herbalife.com). Протеин треба да се внесува со секој оброк, а не само еднаш или двапати во денот. Ако го следат планот за пет мали оброци, клиентите ќе внесуваат протеин со секој оброк, а овој план е и корисен начин тие да водат евиденција колку протеин внесуваат во текот на денот.
СОВЕТ Наградете го клиентот со мал подарок кога со производите ќе
постигне важна wellness цел или цел во однос на исхраната. На
MyHerbalife.com може да купите голем број интересни, Herbalife брендирани подароци.
4. Клиентот не внесува доволно јаглехидрати Клиентот може да се обиде да ја ограничи количината јаглехидрати што ја внесува за да ја регулира тежината. Меѓутоа, јаглехидратите се главен извор на енергија за телото за секојдневните физички или умствени активности, и ако клиентот не внесува јаглехидрати со исхраната, неговиот метаболизам може да забави. Многу е важно клиентите да внесуваат соодветни јаглехидрати. Добри јаглехидрати се јаглехидратите што се најмалку преработени – харана како што е свежо овошје, зеленчук, мешунки и интегрални житарки. Вископреработени, рафинирани лоши јаглехидрати има во шеќери, печива, тестенини и леб од бело брашно, житарки и крекери што на телото не му нудат ништо повеќе од дополнителни калории. 5. Недоволна хидрација За да се биде здрав е многу важно да се пие доволно вода. Водата ја регулира телесната температура, ни помага да дишеме, многу е важна за дигестијата и екскрецијата, му помага на телото да се движи, и многу повеќе. Препорачливо е да се пијат по 8-10 чаши вода на ден, но кога вежбаме или кога се наоѓаме во топла средина треба да пиеме повеќе вода бидејќи повеќе се потиме. Кажете им на клиентите да водат евиденција за течностите што ги внесуваат секој ден; не само за количината што ја внесуваат, туку и за видот течност, зашто ако не внимаваат може да внесуваат дополнителни калории. 6. Во програмата за вежбање клиентот нема разновидни вежби Ако е програмата за вежбање лошо направена, нема да се согоруваат масти и нема да се зголемува чистата мускулна маса. На пример, ако вашиот клиент обожава да трча и 3 пати неделно трча по 5 км., но не вклучува вежби со дигање тежина или со отпор, мускулите ќе се навикнат дека се користат само за трчање и нема да се зацврстуваат и нема да се зголемува чистата мускулна маса. Колку повеќе чиста мускулна маса имате, толку повеќе калории ќе согорувате, дури и кога се одмарате.
* Спортисти и луѓе што редовно прават интензивни вежби имаат поголеми потреби од протеин за разлика од луѓето кои не се физички активни.
19
Made with FlippingBook