IBO Book - MK

3

КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ВРЕДНОСТ И ДА ГРАДИТЕ ЛОЈАЛНОСТ

Помагајте им на другите за да го развивате својот бизнис

Успехот на вашите клиенти е најдобар начин да го развивате бизнисот. На колку повеќе клиенти им помагате да направат резултат, толку повеќе луѓе ќе сакаат да им кажат и на други луѓе за својот резултат. Кажувајте им секогаш на вашите клиенти и на потенцијалните клиенти со себе да си донесат пријател или ако делите покани или фидбек формулари, оставете простор каде што клиентите ќе може да си додадат имиња на луѓе што ги знаат кои би биле заинтересирани да дознаат повеќе. Ги разгледавме бизнис методите кои се одличен начин да го развивате својот бизнис. Уште еден одличен начин за да генерирате нов бизнис е настанот Ден на клиенти. Ден на клиенти

Идејата е еднаш месечно да ги собирате сите ваши клиенти за да ги прославите нивните остварени цели, да им дадете мали награди како признание за нивниот напредок и за да си раскажете искуства со производите.

На клиентите слободно може да им кажете да си донесат пријатели/роднини за да го споделат својот напредок и успех. На тој начин, си отворате една целосно нова група потенцијални клиенти. И не само тоа, многу е поголема веројатноста овие потенцијални клиенти да почнат да работат со вас и да покажат вистинска заинтересираност за вашиот бизнис и за производите на Herbalife бидејќи и самите ќе видат какви резултати може да се остварат, каква подршка од заедницата имаат и какви награди може да добијат како што ќе напредуваат и постигнуваат успех. Така ќе добиете совршена платформа за да им направите кратка Wellness анализа на вашите нови потенцијални клиенти, да им дадете да пробаат производи за самите да ги вкусат фантастичните производи и да ги поканите повторно да дојдат за да има направите целосна Wellness анализа.

➡➡ Денот на клиенти е исклучително ефикасен начин да се понуди дополнителна вредност и да се изгради корисна релација со клиентите. Овој ден е и начин да се добијат лојални клиенти бидејќи со нив се обезбедува бесценета поддршка и место каде што ќе може редовно да се среќавате со своите клиенти и да ги следите како напредуваат, да им оддавате признание за нивните резултати и да изградите заедница луѓе со слични сфаќања.

32

Made with