IBO Book - MK
3
КАКО ДА ДОДАДЕТЕ ВРЕДНОСТ И ДА ГРАДИТЕ ЛОЈАЛНОСТ
Дали би сакал вашиот клиент корисна обука за здрава исхрана? Или можеби трошокот за Herbalife програмата со производи што ја купува за себе во иднина да го надоместува? Со Програмата за наградување клиенти, клиентот може да го прави сето тоа и уште повеќе, а истовремено да ви помога во градење на вашиот бизнис.
Програмата за наградување клиенти се фокусира на лојалност. Таа ви помага да ги наградите клиентите кога ќе ви дадат барем две успешни препораки, на пример нивни пријатели или роднини. Кога клиентот успешно ќе ви препорача двајца нови клиенти, тој клиент може да го сметате за ваш лојален клиент. Тој лојален клиент потоа од вас за возврат ќе добива разни награди, од попусти на следни набавки на производи и програми, пристап до клучни обуки, до VIP статус на забави за клиентите и покани за Success Academies каде што клиентот може да научи повеќе за исхраната, за производите на Herbalife и како да води здрав, активен начин на живот. Клучот е да му помогнете на клиентот да направи добри резултати со производите и да сфати колку е важно да се биде лојален клиент.
Организирајте Shake Parties, Wellness анализи и презентации за здрав појадок во кругот на влијание на клиентот за да му помогнете да генерира успешни препораки. Голем дел од лојалните клиенти одлучуваат да ја искористат и самите деловната можност и да станат Herbalife Членови. Откако ќе го обучите, на вашиот нов Член му давате луѓето што ги препорачал да ги земе за свои клиенти. Тоа е одличен начин да почне да гради своја организација. За регистрирањето нови Членови повеќе информации може да прочитате на 38. страница. Целосни информации за Програмата за наградување клиенти може да даунлодирате на MyHerbalife.com.
33
Made with FlippingBook