IBO Book - MK

3

КАКО КЛИЕНТИТЕ ДА СТАНАТ ЛОЈАЛНИ КЛИЕНТИ

Како да ја развивате базата лојални клиенти

Лојалните клиенти се една од најголемите придобивки. Најголем дел од времето треба да се фокусирате на вашите постојни клиенти за тие да станат лојални клиенти. Зошто? Бидејќи лојалните клиенти: • Се редовни клиенти. • Природно е да ви даваат препораки. • Стануваат подвижна реклама за промоција на вашиот бизнис. На следните страници ќе прочитате одлични совети како вашите клиенти да станат лојални клиенти. Ќе научите како вашите клиенти да имаат фантастично искуство, што ќе ви помогне да работите на изградба на одржлива база клиенти. Да видиме подетално како функционира тоа: Лојалните клиенти се бесценети и треба да поминувате повеќе време во градење на вашата база постојни клиенти отколку да се обидувате да добиете нови клиенти. Клиентите може да заборават на вас ако не одржувате контакт со нив и ако не ги следите. Вашите клиенти ќе се заљубат во производите и во брендот заради првокласната услуга и целокупното искуство што ќе им го овозможите и секогаш ќе доаѓаат кај вас. Зошто? Затоа што кога ги користат производите, кога се придржуваат до програмата и водат здрав активен начин на живот, клиентите гледаат резултати и се сè поблиску до својата цел. Кога гледате дека има резултат, знаете дека тоа што го правите добро функционира и не сакате да го смените – така? Па, кога клиентите на своето патување имаат значајни моменти, прославете со нив и охрабрете ги. Некои од начините да го направите тоа е: • Да им оддадете признание на крајот од групната активност со мини церемонија на доделување награди или да ги прогласите за личност на денот. Дајте им VIP третман / влез на настани. • Памтете значајни лични настани (на пр., на клиентите праќајте им картички за роденден.) • Погрижете се клиентите да бидат дел од заедница луѓе со слични сфаќања.

34

Made with