IBO Book - MK
4
РЕГИСТРИРАЊЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ
Вашата улога како спонзор Вие и лидерите во вашите горни линии сте пример за вашиот нов Член. Затоа бидете што е можно подобар пример и гледајте како вашата вредна работа и огромен труд се дуплицираат! Исто како и за клиентите, важно е да бидете лесно достапни и за новите Членови, особено во првиот месец. Новиот Член веројатно ќе има многу прашања бидејќи почнува свој бизнис, па бидете му на располагање за да го советувате и да му помагате во месеците што следат. 1. Помогнете му на новиот Член да ја достигне својата следна Level 10 цел Кога новиот Член ќе ја достигне својата Level 10 цел, време е заедно со него да поставите следна цел. Тоа може да биде учество во трка на 5 км. или подобрување на процентот телесни масти. Која и да е целта, работете со клиентот за да остане на патот кон постигнување на својата цел. 2. Помогнете им на новите Членови да си постават бизнис цели Прва цел за еден типичен Член може да биде да добие пет нови клиенти. Кога ќе го постигне тоа, клиентот е охрабрен и сака да си постави малку повисока цел.
Помогнете му да ја разбере вашата локална мрежа за поддршка Без оглед на тоа дали новиот Член се регистрира за да ги користи поповолните цени за Членовите или за да почне свој бизнис, не заборавајте да поразговарате со него за мрежата за едукација, обука и поддршка што ја има на располагање. Ако клиентот има огромна желба да почне свој бизнис, поразговарајте со него да присуствува на Success Training Seminar [STS] – овие семинари се важни за да се едуцира, да се поврзе и да се дружи со други Членови во својот град или место. Да се биде Член значи Членот да има чувство дека припаѓа и дека е дел од заедница и затоа присуството на овие месечни настани ќе биде бесценето за вашите нови (и за постојните) Членови.
40
Made with FlippingBook