IBO Book - MK
4
ПОМАГАЈТЕ ИМ НА НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ
• Помагајте му на домашни забави (на пр., Shake party, Skin Care party) да им ги презентира производите на потенцијални клиенти. • Водете го низ првите фази од Продажниот маркетинг план и објаснете му кои се придобивките ако стане VIP Член, Success Builder и Супервизор. • Редовно држете групни состаноци. Членот ќе добива совети од други Членови во вашата организација и добро е да види дека е дел од поголем тим. • Обезбедете му информации, обука и мотивација, како и помош за презентации. Неколку правила што треба да ги запаметите 30-дневна гаранција за враќање на парите Ако од некоја причина клиентот не е потполно задоволен со некој од производите на Herbalife купен од Herbalife Член, тој може од Членот да побара да му ги врати парите во рок од триесет (30) дена од денот кога го добил производот. Членот мора да му понуди на клиентот платената сума целосно да ја искористи за купување друг Herbalife производ или да му ги врати сите пари по куповната цена. Добро е новите Членови да ги потсетите и дека продажба на Herbalife производи преку eBay или преку друг вид веб-страници за попусти или за аукција е против правилата. Предноста на Членовите е токму личниот контакт, очи в очи. Ограничување за прва нарачка: Со Програмата за прва нарачка на Членот му е дозволено да направи прва нарачка до максимум 1.100 волуменски поени (ВП), а потоа до максимум 3999,99 ВП во наредните 10 дена. Целта на правилото е да им помогне на новите Членови да добијат искуство со производите и да почнат малопродажба на производи, и да ги одврати Членовите од финансиски трошоци пред да добијат искуство со производите.
Помагајте им на новите Членови
Чувството е фантастично кога ќе го регистрирате својот прв Член. Почнувате повеќе да се ангажирате во деловната можност на Herbalife. Градите долни линии, и кога ќе станете VIP Член не само што почнувате да добивате попусти, туку добивате и провизии* од нарачките што ги прават Членовите во вашите долни линии. Времето што го поминувате за да му помогнете на секој нов Член станува многу важно – бидејќи нивниот успех ви помага да го развивате својот бизнис и да бидете успешни. Како да им помогнете на новите Членови да почнат Основите • Помогнете му на Членот да ја пополни Апликацијата за Членство и да ја испрати заедно со Формуларот за потврда на Златниот стандард. • Покажете му како да пополни Формулар за нарачка и други видови формулари што редовно ќе ги користи во бизнисот. • Погрижете се да ги прочита книгите дадени во HMP – Правилата и прописите се важни за сите нови Членови за да го работат бизнисот етички и согласно правилата на компанијата. • Погрижете се да применува соодветна програма со производи и запознајте го со повеќе Herbalife производи на тој начин што заедно ќе ја поминете Брошурата со производи.
* За да ви биде извршена исплата, мора да доставите одредени документи (на пр., податоци за банкарска сметка), а има и одреденa граница во исплатата.
41
Made with FlippingBook