IBO Book - MK

4

ОБЈАСНИ, ПОКАЖИ, ПРОБАЈ, НАПРАВИ

Обучувајте ги вашите Членови да бидат успешни Водете го Членот низ овој принцип, особено во неговите први три месеци како Член, и ќе му помогнете да ги избегне грешките што можеби вие сте ги направиле, и побрзо да се запознае со малопродажбата и со грижата за своите клиентите. Еве пример како може да го примените принципот „Објасни, покажи, пробај, направи“:

Објасни Објаснете му на Членот како да покани луѓе на Wellness анализа и водете ги низ процесот, почнете од тоа како да заинтересира некого за 15 секунди и како да го користи својот беџ, па продолжете со Wellness анализа и анализа на телесна композиција, и како на клиентите да им препорачува најдобра програма со производи што ќе одговара на нивните цели. Советувајте го како да затвори продажба со клиент и, најважно, како на клиентот да му обезбеди првокласна услуга по продажбата – со состаноци еднаш неделно и со распоред за следни нарачки. Тоа е теорија што Членот за кратко време ќе ја примени во практика. Покажи Во првиот месец, на новиот Член може да му треба помош да разбере како функционира циклусот на малопродажба. Покажете му што треба да прави – поканете го да дојде со вас кога вие вршите малопродажба и имате состанок со клиент, и дозволете му еден ден да гледа. Треба да види како му пристапувате на човек што не го познавате и како го каните на Wellness анализа. Кажете му на Членот да фаќа прибелешки и погрижете да биде спремен пред самиот да го почне процесот. Не го брзајте овој чекор бидејќи е многу важно Членот да се чувствува пријатно и самоуверено.

Пробај Играјте улоги и новиот Член нека проба првин на вас, а потоа дозволете му да вежба со пријатели и со роднини со вас до него за да гледате како му оди. Дајте му фидбек; нормално е да прави грешки. Направи Кога ќе процените дека е добро време, дозволете му на Членот сам да го прави тоа без вас до него. Охрабрете го, правете проби со него и верувајте во него. Бидете лесно достапни во случај Членот да сака да поразговара со вас и слушајте го внимателно и одговорете му на секое прашање. Ако е потребно, повежбајте уште неколку пати со него. По неколку обиди, повеќето Членови стануваат целосно независни по првата нарачка на клиент.

Принципот „Објасни, покажи, пробај, направи“ ќе го користите уште повеќе како што ќе се развивате како лидер и ќе менторирате нови Членови да совладаат вештини како што се прва Shake Party или прв јавен говор на кој ќе го раскажат своето искуство со производите. Во целиот процес, бидете им при рака на Членовите во вашите долни линии. Не заборавајте дека сè што ќе научат доаѓа од вас, па начинот на којшто ќе соработуваат со нивните клиенти или Членови ќе биде ист со начинот на вашата интеракција со нив.

43

Made with