IBO Book - MK
4
КАКО ДА ЈА РАЗВИВАТЕ ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Колку помудри, толку поуспешни
За да се изгради успешна организација треба вредно да се работи и да се биде посветен, но не е толку комплицирано како што изгледа. Сепак, развивате организација на клиенти и Членови. За да ви помогнеме во тоа, четири клучни точки ќе ви помогнат да ја развивате организацијата како што треба: 1. Како да создадете кругови на влијание Кога ќе имате три или четири клиенти во прва линија (ваши) кои сакаат да станат Член, треба да се фокусирате да им помогнете да создадат свој круг на влијание. Научете ги да го копираат она што вие го правите. На пример, научете ги редовно да организираат домашни забави (Shake Parties или Skin Care Parties) дома кај клиентите. Забавите се еден од најдобрите начини да создадете круг на влијание поради приватната и неформална средина. Кога нов Член ќе го направи истото со свои три или четири клиенти во прва линија, ќе почнете да градите длабока организација со цврста и солидна база клиенти. 2. Поддржувајте ги новите Членови – тоа е најзначајно за вашиот бизнис да биде успешен. Следете го принципот „Објасни, покажи, пробај, направи“ даден на 42. страница. Важно е да бидете тука за Членот во првите неколку месеци, да му помогнете да добие четири клиенти од својот круг на влијание и да достигне ниво VIP Член. Кога со ваша поддршка ќе дојде до ниво VIP Член, ќе може да си го надомести трошокот за програмата што ја купил за себе, плус да изгради доверба во вас како негов upline спонзор. 3. Оддавајте им признание и промовирајте ги новите Членови – за да го извлечете најдоброто од вашите нови Членови и да ја задржите нивната мотивираност, клучно е да им оддавате признание за нивните успеси и да ги наградувате во секој чекор. Веднаш штом новиот Член ќе добие свој прв клиент, направете да се чувствува како ѕвезда. Кога ќе достигне ниво VIP Член наградете го со сертификат и аплаудирајте му на сцена на некој ваш состанок или на локален настан.
4. Најголем дел од времето фокусирајте се на постојните и активни Членови – за да бидете успешни, најголем дел од времето треба да се фокусирате на развој на постојните и активни Членови. Помогнете им да се развиваат, да го дуплицираат својот бизнис и да успеат. На тој начин и вие ќе бидете наградени.
Не заборавајте, ваш круг на влијание се луѓето што веќе ги познавате, како што се роднини, пријатели и колеги на работа.
44
Made with FlippingBook