IBO Book - MK

5

ПРОДАЖНИОТ МАРКЕТИНГ ПЛАН

Работете го бизнисот чесно и со интегритет

Знаеме дека со нетрпение чекате да почнете и да примените во пракса сè што научивте, но пред да го направите тоа е важно да се запознаете со дел од Правилата на однесување. Ние во Herbalife се гордееме што бизнисот го работиме чесно и со интегритет, а сè почнува од вашата посветеност да се движите по вистинската патека во вашите бизнис активности. Правилата на однесување се создадени за ВАША заштита. Тие претставуваат етички кодекс и стандарди по кои треба да работат сите Herbalife Членови. Одвојте време да ги прочитате следните правила, а кога ќе завршите пополнете го прашалникот за да видите колку сте научиле! Кога давате тврдења за производите, кога ги презентирате производите и кажувате искуства: ✓ • Тие мора да бидат во согласност со законот, да бидат вистинити и да не доведувате никого во заблуда. • Мора да бидат поткрепени со факти во писмена форма пред да ги објавите или соопштите. • Мора да бидат согласни со тврдењата и изјавите во тековните Herbalife маркетинг објави и на тековните етикети на Herbalife производите. • Согласно законот, секогаш мора да опфаќаат и соодветни правни изјави. Кога давате тврдења за регулирање на тежината Во регионот на ЕМЕА не смеете да ги користите следните тврдења: X • Тврдења што сугерираат дека ако не се консумираат производи на Herbalife, тоа може да се одрази врз здравјето. • Тврдења во кои се наведува брзината на слабеење или бројот на килограми што ќе се симнат. • Тврдења што упатуваат на препораки од лекари или медицински лица. Кога зборувате за регулирање на тежината: ✓ • Мора да се повикувате на програма на Herbalife за регулирање тежина како дел од здрав активен начин на живот, а не да ги поврзувате резултатите со некој конкретен производ. Со сите тврдења за регулирање на тежината, како и искуства, мора да ја наведете следната правна изјава: „Сите референци за регулирање на тежината се поврзани со Програмата на Herbalife за регулриање на тежината што, меѓу другото, опфаќа и урамнотежена исхрана, редовно вежбање, соодветен дневен внес на течности, нутритивни суплементи каде што е тоа потребно и соодветен одмор. Индивидуалните резултати се разликуваат.“ Кога давате податоци за регулирање на тежината кои се однесуваат на лице со прекумерна дебелина (клиничка дебелина), со нив мора да дадете и изјава дека е тежината регулирана под директен надзор на лекар.

„ Секој еден ден кога продолжувате да го градите својот бизнис на вистинскиот начин… секогаш кога овозможувате фантастично Herbalife искуство… и со секој долгорочен клиенти и Herbalife Член што ќе го создадете, вие го правите Herbalife појак. “ Мајкл О. Џонсон Претседавач и генерален извршен директор, Herbalife

50

Made with