IBO Book - MK

5

ПРОДАЖНИОТ МАРКЕТИНГ ПЛАН

Добри малопродажни практики

Herbalife Членовите се посветени своите клиенти да ги третираат етички и праведно. Кога на некој клиент му презентирате Herbalife производи: • Кажете му кој сте и какви производи продавате. • Дајте му точни и вистинити информации во врска со цената, квалитетот, перформансите, квантитетот и достапноста на производите/услугите што ги нудите. • Дајте му јасна и прегледна сметка. • Не заборавајте да се претставите како независен Herbalife Член. • Дајте му на клиентот инструкции како да ги користи Herbalife производите пред да ги купи. • Објаснете му ги Гаранциите на Herbalife за Златен стандард. • Објаснете му ја гаранцијата за враќање на парите во рок од 30 дена и како може да сторнира нарачка, ако има потреба. • Почитувајте ја приватноста на вашиот клиент на тој начин што ќе му се јавувате кога нему му одговара. • Почитувајте го правото на клиентот да го прекине телефонскиот разговор кој има за цел да се оствари продажба. • Чувајте ги производите на ладно и суво место. • Не чувајте ги производите на директна сончева светлина и не оставајте ги производите на топло, на пример во багажник. • Настојувајте производите секогаш да им ги доставувате на клиентите навремено и во добра состојба.

X

eBay и други онлајн аукциски сајтови

Нудење на Herbalife производи на аукција Со продажби преку аукција и со продажби на аукциски сајтови се ослабува личната релација што Членовите мора да ја изградат со своите клиенти, а му се наштетува и на Herbalife брендот и на репутацијата што Herbalife сака да ја изгради за производите. Затоа, Членовите не смеат (директно или индиректно преку посредник или на друг начин) да нудат или да потпомагаат понуда на Herbalife производи за продажба со учество во јавни аукции. Оваа забрана, меѓу другото, опфаќа барање или добивање понуди за Herbalife производи на интернет, преку комерцијален веб-сајт за аукција, онлајн аукциски пазар, или на друг начин. Покрај тоа, комерцијалните аукциски веб-сајтови или онлајн аукциски пазари и секој друг сајт за кој Herbalife смета дека е фокусиран на аукции, се забранети продажни канали дури и кога е предложена продажба по фиксна цена.

Формулар за нарачка:

Согласно законот, по продажба Членовите на Herbalife на својот клиент мора да му дадат формулар за нарачка. Формулари за нарачка може бесплатно да даунлодирате на MyHerbalife.com.

Ажурираните Правила на однесување може целосно да ги погледнете на MyHerbalife.com.

51

Made with