IBO Book - MK
5
ПРОДАЖНИОТ МАРКЕТИНГ ПЛАН
Напредување во Продажниот маркетинг план
СОВЕТ Луѓето со коишто се дружите и разговарате влијаат врз вас и врз она што го правите, па добро би било да бидете опкружени со позитивни инспиративни Herbalife Членови што може да ви помогнат да се развивате и да напредувате. Ако редовно одите на Herbalife настани и давате сè од себе да разговарате со луѓе што не ги знаете, ќе добиете поголема самодоверба, а тоа е многу важно бидејќи растот на вашиот бизнис многу зависи од разговарањето и поврзувањето со луѓе!
Како да ја постигнете својата прва цел Како нов Herbalife Член, иако можеби имате аспирации да достигнете ниво Супервизор, и повисоко ниво, ваша прва цел е да станете VIP Член. Уште од првиот ден е важно да го градите својот бизнис врз солидни принципи, како што се грижа за клиентите и обезбедување првокласна услуга, одржување цврста база клиенти и редовни нарачки на производи, и обучување на вашите Членови да бидат успешни. Одете чекор по чекор и поставете си мали, но остварливи цели. Вашиот спонзор треба да бие првиот човек со кој ќе поразговарате да направите план што ќе ви помогне да напредувате до следното ниво.
Типично патување до ниво VIP Член се состои од: • Учество во вашата локална структура за поддршка.
• Ангажирање во социјалниот живот во канцеларијата на вашиот спонзор. • Присуствување на национални и интернационални Herbalife настани и носење на клиенти заедно со себе. • Редовно среќавање со својот спонзор или ментор за да разговарате за параметрите на бизнисот и за да го приспособувате вашиот пристап според потребите.
54
Made with FlippingBook