IBO Book - MK

5

ПРОДАЖНИОТ МАРКЕТИНГ ПЛАН

Да ги објасниме трите нивоа пред нивото Супервизор…

VIP Член 35 - 42% попуст на производите 7% или 17% профит од големопродажба Кој е VIP Член? VIP Членот е првиот чекор нагоре откако ќе станете Член и на ова ниво Herbalife Членот почнува да гради долни линии и да презема први чекори кон развој на своја организација! Како да се квалифицирате и попуст на производи: • Остварете 500 волуменски поени во 1 месец за да се квалифицирате за попуст од 35% или • Остварете 2.000 волуменски поени во 1 месец за да се квалифицирате за попуст од 42%. • Кога ќе остварите 2.000 волуменски поени, добивате право оваа нарачка и сите нарачки во преостанатиот дел од месецот да ги правите на попуст од 42%. Тогаш, минималниот попуст ќе биде 35% од првиот ден следниот месец. Може да заработите провизија на производите купени од страна на Членови во вашите долни линии. Износот што ќе го заработите е разликата меѓу вашиот попуст на производите и попуст на Членот во вашите долни линии (на пр., како VIP Член имате попуст од 35% и ако имате Член во вашите долни линии на попуст од 25% ќе заработите 10% профит од големопродажба (провизија) на производите што тој ги купил). Колку клиенти треба да имате за да го достигнете ова ниво? За ориентација, ако имате пет клиенти и секој од нив купува по два Формула 1 шејка, по еден Инстант енергетски чај и по еден Herbal Aloe концентрат, плус производите што вие лично ги купувате, може да остварите 500 ВП и за еден месец да дојдете на ниво VIP Член. Како VIP Член имате право на: • 35% профит од малопродажба кога им продавате производи на клиенти по предложената малопродажна цена • 7% или 17% профит од големопродажба (провизии).

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Соработувајте со својот спонзор – вашиот спонзор е искусен човек што може да ви помогне да дефинирате цели и да ги постигнете. Колку почесто контактирате со него/неа, толку помалку грешки ќе правите и побрзо ќе се движите кон целите што ќе си ги поставите.

Може да акумулирате волуменски поени од нарачки што ќе ги правите директно во Herbalife, познати како лично купен волумен, или од нарачки што Членови во ваште долни линии ќе ги прават во Herbalife; познати како волумен на Членови во долните линии. И двата вида волумен може да ги користите за да дојдете на ниво VIP Член на 35% или 42% попуст.

55

Made with