IBO Book - MK
1
ВАШАТА МОЖНОСТ
Можноста како Herbalife Член Ги користите производите и се заљубивте во нив. Имате одлични резултати – изгледате фантастично и се чувствувате фантастично. Го трансформиравте својот начин на живот со повеќе вежбање и станавте дел од една одлична заедница луѓе со слични сфаќања.
Откако и самите се трансформиравте преку здрав, активен начин на живот со Herbalife, не е чудно што гледате потенцијал и други да го направат тоа. Колку луѓе се интересираат да слушнат како го преобликувавте телото? Колкумина ве прашале за Herbalife? Овие луѓе се ваши потенцијални клиенти и се отворени и заинтересирани да слушнат што имате да кажете.
Застанете малку и присетете се како стигнавте до овде до каде што сте денес: Каков ви беше начинот на живот и какви навики имавте пред Herbalife? Кој ве запозна со производите? Каков резултат со производите направивте? Кого запознавте? Каква ве поддржува вашиот Herbalife спонзор досега? Луѓето ќе ги заинтересирате ако едноставно одговорите на овие прашања, ако го кажете своето лично искуство со производите и Herbalife искуството со други луѓе, и многу е едноставно! Нема ништо помоќно од личните искуства. И тие се еден од најлесните начини да почнете свој Herbalife бизнис. Успехот со деловната можност на Herbalife зависи од тоа колку им помагате на клиентите да постигнат резултати. Процесот почнува со вас и вашата лична трансформација.
Вашите пријатели и роднини нормално ќе бидат љубопитни за вашите промени и ќе сакаат да дознаат повеќе. Herbalife е глобална компанија посветена да им помогне на луѓето да си го променат животот и да водат здрав, активен начин на живот. Herbalife исхраната не е помодарство. Herbalife е начин на живот. Кога му се посветувате на Herbalife, се посветувате да направите голема промена; и во својот живот и во животот на другите на тој начин што ги промовирате придобивките од здравиот, активен начин на живот. Не треба да имате претходно искуство со продажба. Ние ќе ви обезбедиме обука и алатки, плус со поддршката од вашиот спонзор и од други Herbalife Членови ќе бидете инспирирани од нивните искуства и ќе дознаете како постигнале резултат.
Раскажувајте го своето Herbalife патување и тоа ќе ви помогне да добиете уште повеќе клиенти. Најважно е своето Herbalife искуство да им го раскажувате на другите.
06
Made with FlippingBook