IBO Book - MK

1

ВАШАТА МОЖНОСТ

Клучот за вашиот Herbalife успех е вредноста што вие, како Herbalife Член, ќе ја донесете. Како Herbalife Член, имате можност на клиентите да им понудите повеќе отколку само начин да купуваат производи – може да им понудите вредна релација, едукација, индивидуализирани решенија и поддршка за да им помогнете да ги постигнат своите цели. Бидете во контакт и запознајте го секој клиент: кои се неговите цели, во што ужива, што му претставува предизвик, итн. Луѓето не можат да добијат квалитетен совет кога купуваат нутриционистички производи од полица во продавница, па ова е можност да им пристапите и да им понудите индивидуализирана услуга и поддршка секој ден со примена на материјали објавени од страна на Herbalife. Ако редовно одржувате контакт со своите клиенти, ќе може да следите како напредуваат и да им ја индивидуализирате програмата, ако има потреба. Уште еден клуч за успех, и една од најдобрите работи да се биде Herbalife клиент и Член, е дружењето. Herbalife активностите и настаните не создаваат само совршена средина за дружење со луѓе со слични сфаќања, туку се и место каде што се среќавате со клиентите и им оддавате признание. Истражувања покажуваат дека кога се работи во групи, поголема е веројатноста луѓето да ги достигнат своите цели во однос на регулирање на тежината.* Луѓето сакаат индивидуална поддршка, а со Herbalife можете да им помогнете да водат здрав, активен начин на живот и да ги постигнат своите цели. Вашиот успех зависи од вашата посветеност. Решете до каде сакате да стигнете со деловната можност на Herbalife, а потоа индивидализирајте ја според целите што сакате да ги постигнете и според вашиот начин на живот. Утврдете колку сте посветени и ќе видите напредок. Запрашајте се: • Дали сакате едноставно да ги користите производите и да го продолжите патувањето на здрав, активен начин на живот? • Покрај тоа што се грижите за себе, дали сакате да им дадете поддршка и на пријателите и семејството да водат здрав, активен начин на живот? • Дали сакате да им помогнете на што е можно повеќе луѓе со деловната можност на Herbalife што може да се работи и хонорарно, па дури и како кариера? Оваа книга е водич што ќе ви помогне да добиете максимум од своето Herbalife искуство. Со текот на времето вашите потреби или цели може да се менуваат. Затоа постојано обрнувајте внимание како се чувствувате и разговарајте со својот спонзор и со други Членови – и тие биле во таква ситуација и се одличен извор на знаење.

Не заборавајте: Колку повеќе вложувате, толку повеќе ќе добивате.

Па, да почнеме.

07

Made with