IBO Book - MK
7
ЧЕСТИ ПРАШАЊА
Кога водите свој бизнис ви се јавуваат и многу прашања! Ние направивме избор од некои од најчестите прашања што ги поставуваат Herbalife Членовите за да ви помогнеме брзо да ги најдете одговорите што ги барате.
Дали може да се прават измени во нарачките? За жал не може да се направи никаква измена откако нарачката ќе се плати и ќе се испечати во магацинот. Нашиот процес на нарачување е компјутеризиран, па кога ќе ја направите нарачката, нема начин таа да се приспособи или да се менува. Затоа, без оглед на тоа со кој метод ја правите нарачката, важно е однапред да ја подготвите за да биде процесирањето точно и брзо. Зошто не можам да платам нарачка од сметка на мои пријатели/роднини? Членовите треба сами да ги прават нарачките и сами да ги платат. Плаќање од страна на друг Член или од сметка на партнер не е прифатливо. Се обидувам да платам нарачка онлајн со кредитна картичка, но се јавува грешка. Најверојатно ќе ви помогне ако одите на страницата на која се прикажани сите ваши зачувани информации за картичките и ако ги избришете сите картички кои се наведени таму ако се стари. Ако има картички што сè уште ги користите, дајте им на картичките различни имиња (името и презимето на корисникот на картичките треба секогаш да биде вашето, а името на картичките да биде различно). Платив нарачка пред неколку дена преку банкарски трансфер, но сè уште не е регистрирана како платена? Дали го наведовте бројот на нарачката? Бројот на нарачката треба да го наведете во пораката во полето примач, и само тоа го додавате, ниту текст ниту ID-број, тогаш може да се случи бројот на нарачката да не се појави кога ќе стигне на вашата банкарска сметка (знам дека ова е дадено и во текстуалната порака за потврда, но многумина не го прават тоа). Нарачав производи пред 2 месеци и еден шејкер беше скршен, дали може да го сменам/да добијам нов? Ако добиете производ и нешто не е како што треба со производот треба да нè исконтактирате веднаш, а најдоцна во рок од 7 дена од приемот на пакетот. Ако нешто не е во ред кога ќе го отворите производот, чувајте го производот и веднаш исконтактирајте нè. Како да направам нарачка? Сите Членови, без оглед на нивниот статус, смеат да купуваат Herbalife производи само директно од Herbalife. Нарачки од Herbalife може да правите по телефон, на поштенска адреса или преку онлајн системот за нарачување на MyHerbalife.com Колку брзо ќе биде испроцесирана мојата нарачка и за колку време ќе ја добијам? Сите нарачки ќе бидат испорачани најдоцна следниот работен ден, секогаш кога е можно, откако Herbalife ќе ја прими уплатата. Вашите нарачки ќе ги добивате во рок од 24-48 часа, а за далечни региони може да бидат потребни 72 часа ако се користи Herbalife услугата за испорака. Ја платив нарачката, како може да го следам нејзиниот статус? Деталите и статусот на нарачката може да ги проверите на MyHerbalife. com. Ако ја платите нарачката најдоцна до 14:00 ч., нарачката ќе биде веднаш испорачана и ќе ја добиете за 2 дена. Но, испораката се разликува од ден до ден, особено на крајот од месецот кога испораките може да доцнат. Клиентите може да сторнираат нарачки во рок од 30 дена и целосно да им бидат вратени парите. Периодот од 30 дена почнува кога клиентот ќе ги добие производите. Вие, како Член, ќе му ги вратите парите на вашиот клиент и во Herbalife ќе испратите: 1. Формулар за поднесување барање за враќање на пари од страна на клиент (ќе го најдете на MyHerbalife.com) 2. Сметка 3. Неискористениот дел од производот или оригиналните етикети на производот или празната кутија од производот. Наведените работи треба да ги пратите на следната адреса: МСТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ БУЛ. ИЛИНДЕН БР. 103 ЛОК.1 1000 СКОПЈЕ Herbalife не ја рефундира поштарината. Откако ќе го добиеме наведеното ќе ви го пратиме заменетиот производ. Дали може да ми бидат вратени парите за Пакетот за Членство во Herbalife? Да. Ако се одлучите да го откажете Членството во Herbalife, во рок од 90 дена откако ќе ја прифатиме вашата апликација имате право парите целосно да ви бидат вратени по цената по која сте го купиле Пакетот за Членство. ПЛАЌАЊЕ И ВРАЌАЊЕ ПАРИ Враќање на парите во рок од 30 дена
ЗАРАБОТКА Кога и како ќе ми се исплаќа заработката?
Herbalife ќе ви ја исплаќа заработката откако ќе заврши тековниот месец на остварен волумен. Заработката на провизии и R/O ќе ви се исплаќа на 15. ден, а Продукцискиот бонус на 20. ден од следниот месец. За да ја добиете заработката што е можно побрзо и на што е можно попрактичен начин, во Herbalife треба да ги доставите вашите банкарски податоци на тој начин што ќе доставите формулар за Eлектронски трансфер на средства [EFT] и формулар за Интернационален трансфер на средства [IFT]. Ако се овие услуги достапни во вашата земја, вашата локална и интернационална заработка ќе ја добивате преку банкарски трансфер директно на сметка. Ако оваа услуга не е достапна во вашата земја, заработката ќе ја добивате преку исплата на чек. Како да ја добивам заработката? За да добивате ројалитети и Продукциски бонус секој месец треба да пополнувате Формулар за 10 клиенти. Ако Формуларот за 10 клиенти доцни и веќе не може да го доставите на MyHerbalife.com, ќе мора рачно да пополните формулар и да го испратите во Herbalife. Овој Формулар за 10 клиенти ќе го најдете на MyHerbalife.com: Моја канцеларија – Документи и политики – Документи – Обрасци за Договори и Примероци – Потврда за заработка Откако ќе се квалифицирам за заработка, дали има некои посебни процедури што треба да ги следам? Да, и тие се доста едноставни. За да добивате заработка мора строго да се придржувате до Herbalifе Правилото за малопродажба на 10 клиенти/ Правило 70%. Овој формулар мора еднаш месечно да го пополнувате и да го доставувате во Herbalife. Може да го доставите електронски на myherbalife.com или директно во Herbalife најдоцна до 5. ден во месецот. Како да ја добивам заработката? Заработката ќе ви биде исплатена на чек. ЗАКОНСКИ АСПЕКТИ Дали треба да го регистрирам бизнисот кај овластените органи? Herbalife Членовите се независни деловни луѓе. Нивна обврска е да проверат дали треба да го регистрираат својот бизнис кај локалните овластени органи, да се придржуваат до локалниот закон и да ги плаќаат сите даноци поврзани со својот Herbalife бизнис. Ве молиме прочитајте ги Правилата на Однесување. Овие информации може да ги даунлодирате и на MyHerbalife.com. Зошто мора Членовите фискално да се регистрираат за да Дали има услов во однос на возраста за да се стане Член? Лицето што аплицира мора да има најмалку 18 години за да стане Herbalife Член и да води бизнис во Македонија. Минималната возраст се разликува од држава во држава. За условите во врска со возраста во други земји исконтактирајте го Одделот за Членови. НАРАЧКИ Дали може да ја следам испораката на мојата нарачка? Herbalife нуди опција „Track & Trace“* со која може да ја следите испораката на вашите нарачки чекор по чекор. За да имате пристап до овие информации посетете го MyHerbalife.com. Одете на Мој профил и извештаи / Мои нарачки и изберете ја нарачката што сакате да ја следите. Во „Детали за нарачки“ ќе најдете линк до информациите „Track & Trace“ за да го проверите моменталниот статус на вашата нарачка. (*ако е достапно во вашата земја) Дали може да нарачувам производи од друга земја што ќе ми бидат испорачани? Производите на Herbalife се развиваат и произведуваат за секоја земја согласно локалниот закон. Како што е наведено во Herbalife Правилата за извоз, имате право да нарачувате разумна количина производи во друга земја за лична употреба или за да им ги дадете на членови на вашата најтесна фамилија, под услов вие да ги подигнете производите во таа земја и да не ги препродавате. добиваат заработка од Herbalife? Тоа го наложува локалниот закон.
70
Made with FlippingBook