IBO Book - MK

7

ЧЕСТИ ПРАШАЊА

ВОЛУМЕНСКИ ПОЕНИ Што се тоа волуменски поени?

Што е тоа годишна членарина? Herbalife се согласува да обезбедува компјутерско процесирање за Членовите и за тоа се плаќа годишна членарина (членарина). Овие компјутерски услуги се ограничени на податоци за стапките на попуст, линиски извештаи и квалификациски статус. Членот има одговорност членарината да ја плаќа секоја година на датумот кога ја потпишал првичната апликација за Членство. За износот на членарината погледнете го најновиот ценовник. Зошто треба да плаќам годишна членарина? Бев избришан/а бидејќи не ја обновив членарината, но сакам да ги платам заостанатите членарини, каков статус ќе имам и на каков попуст ќе имам право? Herbalife се согласува да обезбедува компјутерско процесирање за Членовите и за тоа се плаќа годишна членарина (членарина). Овие компјутерски услуги се ограничени на податоци за стапките на попуст, линиски извештаи и квалификациски статус. Откако ќе ја добиеме уплатата на вашите неплатени годишни членарини, ќе ве вратиме на попустот што сте го имале пред да бидете избришани, ако сте биле Член на 25% попуст или VIP Член на 35% попуст. Ако сте биле Success Builder или Квалификуван продуктивец, квалификацијата бара навремено да плаќате членарина. Сакам да направам измена во моите банкарски податоци, дали може веднаш да ги смените? Не, за да ги смениме вашите банкарски податоци ни треба ваш потпис, затоа ве молиме да напишете изјава и да ни ја пратите по пошта, скенирана на имејл или по факс. Ако веднаш ви ги пратам моите банкарски податоци (датум XXX), кога ќе добијам исплата? Исплатите се вршат на 15. ден во месецот (ако 15. ден се паѓа за време на викенд, исплатата може да доцни 2-3 дена) Кои се методите на плаќање? Нарачките може да ги платите: • Со депозит/банкарски трансфер на некоја од нашите банкарски сметки • Со кредитна картичка. Ако ви треба дополнителна помош или објаснување слободно исконтактирајте го нашиот Оддел за Членови. ПРОИЗВОДИ Како може да добијам повеќе информации во врска со производите и нивниот состав? Повеќе информации може да најдете во Брошурата со производи (SKU#6240) и на почетната страница на веб-сајтот Myherbalife.com. Зошто користите сукралоза во производите? Засладувачи како што е сукралозата користиме во нашите Формула 1 шејкови за да им дадеме фантастичен вкус и да го ограничиме бројот на калории. Зошто користите вештачки бои, ароми, парабени, карагин и гуарова гума? Некои природни ароми и бои не се стабилни колку вештачките ароми и бои. Затоа, честопати е неопходно да се користат вештачки бои и ароми за да се зачува физичкиот квалитет и стабилноста на нашите производи. Сите бои и ароми што се користат во нашите производи се во целосна сообразност со релевантните закони и се сметаат за безбедни на начинот на којшто се користат во нашите производи. Дали може деца да ги користат Herbalife ® производите? Herbalife производите се наменети за возрасни лица и не се За да ја регулирате тежината може да консумирате до 2 шејка на ден, како појадок и ручек, во комбинација со урамнотежена вечера, редовно вежбање и активен начин на живот. Ако сакате да ја одржувате тежината еден оброк во денот може да замените со шејк. Дали може да додадам овошје или други состојки во Ф1 шејкот? Општи информации во врска со производите ќе најдете во најновата Брошура со производи за вашата земја. За детални информации за состојките на производите прочитајте ја етикетата на кутијата од производите. На неа се наведени сите состојки и нутриционистички податоци. Дали може шејкот да го правам со вода наместо со млеко? Здравиот оброк Формула 1 е формулиран како заменски оброк што се подготвува со полумасно млеко, а не со вода. Протеински напиток [PDM] е високопротеински шејк наменет да се прави со вода, но PDM не е заменски оброк. препорачуваат за лица помлади од 18 години. Колку шејка дневно може да консумирам?

Секој Herbalife производ има вредност изразена во волуменски поени која е еднаква во сите држави. Со нарачување производи вие акумулирате кредит изразен во волуменските поени на производите што ги нарачувате. Овие акумулирани волуменски поени стануваат вашата продукција од продажба и се користат за квалификации и за поволности. Лично купени волуменски поени (ЛКП): волумен купен директно од Herbalife со вашиот ID-број. Лични волуменски поени (ЛВП): Како Супервизор [FQS], личниот волумен се базира на волуменот на вашите нарачки плус волуменот на нарачките на вашите downline Членови (кои нарачуваат директно од Herbalife на попуст од 25%-42%). Групни волуменски поени (ГВП): Како Супервизор, групниот волумен е волумен купен од страна на ваш Супервизор во квалификација на привремен попуст од 50%. Вкупни волуменски поени (ВВП): Вкупниот волумен е збир од личниот волумен и групниот волумен на Супервизорот. Волуменски поени на Членови во долните линии (ДЛВ): Како Член што не е Супервизор, волуменот на Членови во долните линии се базира на волуменот купен директно од Herbalife од страна на Членови во вашите долни линии кои нарачуваат на 25%-42% попуст. Која е разликата меѓу основицата за заработка и волуменските поени? Секој производ има основица за заработка што служи за пресметување на заработката. Секој производ има вредност изразена во волуменски поени кои служат за квалификација и според кои се одредува нивото на попуст на Членот во Продажниот маркетинг план. Направив нарачка од 600 ВП месецов и сега сака да направам уште една нарачка од 400 ВП за да имам вкупно 1000 ВП; со оваа последна нарачка добивам право на попуст од 42%. Дали е така? Не, за да добиете попуст од 42% треба да направите една нарачка од минимум 1.000 ВП во еден месец и во тој месец ќе имате право да правите нарачки на попуст од 42%. Или треба да акумулирате 2.500 ВП во три месеци и ќе добиете право да правите нарачки на попуст од 42%.

71

Made with